УНИДО ДАВА ПОДРШКА НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

   

АКТУЕЛНО / 18.11.2019
👁 Прочитано: 478


УНИДО ДАВА ПОДРШКА НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Проектот „Забрзување на трансформацијата на пазарот за индустриска енергетска ефикасност и инвестиции во најдобрите практики и технологии“ кој е активен од 2015 година е дел од програмата за индустриска енергетска ефикасност на Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (UNIDO). Оваа програма е активна во 18 земји во светот, со планови за отпочнување со активности во уште 10.

УНИДО и проектот дадоа придонес кон:

· поддршка на работната група која го подготвуваше предлог-Законот за енергетска ефикасност и работеше со институциите, особено со Министерството за економија, за животна средина и просторно планирање и со Агенцијата за енергетика во насока на подобрување на нивните капацитети на полето на енергетската ефикасност.

· УНИДО исто така обучи 30 технички експерти за системи за управување со енергија и оптимизиција на енергетски системи. Експертите се технички лица, најчесто електро- или машински инженери кои користејќи ја методологијата на УНИДО за мерење, моделирање и предвидување на енергетската потрошувачка, на индустриските претпријатија им предлагаат мерки за заштеда на енергија кои најчесто не бараат никакви, или мали инвестиции во техничка опрема.

· Со помош на овие експерти, кои со поддршка на УНИДО ѝ беа ставени на располагање на македонската индустрија, во 21 претпријатие беа воведени системи за управување со енергија, при што беа остварени вкупни заштеди на енергија од 58.1 гигават/часови, парични заштеди од 3.91 милиони долари и намалувања на емисии на стакленички гасови од 49.6 илјади тони CO 2.

· Во следната фаза, проектот ќе им пружи техничка и парична помош на оние индустриски претпријатија кои ќе поднесат инвестициски проекти со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на операциите на претпријатието во целина. Проектот е во преговори со Развојната банка на Северна Македонија со цел на неа да ѝ се отстапи управувањето со оваа програма.

УНИДО ДАВА ПОДРШКА НА ИНДУСТРИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТЕнергетската ефикасност не е на посакуваното ниво зашто и самата индустрија не е свесна за можностите и придобивките. Способноста на давателите на услуги, пак, е ограничена иако постои многу широк опсег на решенија кои може да се применат. Третиот предизвик се политиките за поддршка на енергетската ефикасност, истакна Марко Матеини, експерт од УНИДО.

Панче Атанасовски од Агенцијата за енергетика истакна дека се уште се мали инвестициите за енергетска ефикаснот. Нашата економија се соочува со страотна конуренција на европскиот пазар. Затоа треба внимателно да се прават вложувањата, да не згасне бизнисот. Не смеете да оптоварите некого да го згасне бизнисот. Иницијаланото тркало е токму приходот во индустријата, рече Атанасовски.

Перо Авакумовски