РЕШЕНИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 46 ОД 18 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 55 став (2) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, ги донесе следните решенија:

- Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз и транзит на говеда и диви преживари, семе и ембриони од говеда, говедско месо и месо од диви преживари, производи и преработки од говедско месо и месо од диви преживари, млеко и производи од млеко од говеда, како и нуспроизводи од говеда и диви преживари во Република Македонија од Република Србија

- Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз и транзит на говедско месо и месо од диви преживари, производи и преработки од говедско месо и месо од диви преживари, млеко и производи од млеко од говеда, како и нуспроизводи од говеда и диви преживари во Република Македонија од Република Црна Гора


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје