ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УПАТСТВОТО ЗА НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ СО СТРАНСТВО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 38 ОД 14 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 48 став 1 точка 3 од Законот за Народната банка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18), член 26 став 4 од Законот за девизното работење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/01, 49/01, 103/01, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16) и точка 14 од Одлуката за начинот за вршење на платниот промет со странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 42/11), гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, донесе

- Упатство за изменување и дополнување на Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство

Со измените и дополнувањата на Упатството за начинот за вршење на платниот промет со странство („Службен весник на Република Македонија„ бр. 141/16, 154/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 41/19), се уредува дека по исклучок на точка 41 став 1 од и точка 38 став 1 алинеја 3, доколку налогодавач е државата или државен орган, налогодавачот не доставува придружна документација, освен за отворање/плаќање со акредитив.

Воедно, се брише обврската во рубриката 7 колона 2 од образецот 1450, налогодавачот да го наведе бројот на одобрението на НБРСМ,.

Ова упатство стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје