ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА УВОЗНИЦИ НА ОДДЕЛНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 35 ОД 11 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 36 став (4) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19 и 275/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

- Правилник за дополнување на Правилникот за поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски производи

Во Правилникот за поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/10, 144/10, 58/12, 40/13, 143/13 и 14/18) се прецизира дека правното лице кое врши увоз на брашно од пченица, покрај другите услови предвидени со овој правилник треба да располага со објекти и опрема за сортирање: мешалка на брашно (хомогенизатор), лабораторија опремена со соодветна опрема за одредување на содржината на пепел, влага, седиментација по Зелен (Zeleny), протеини и глутен или има договор за вршење на анализи на квалитетот со соодветна лабораторија или со Државна фитосанитарна лабораторија или акредитирана лабораторија опремена со соодветна опрема за одредување на содржината на пепел, влага, седиментација по Зелен (Zeleny), содржина на протеини и глутен за време на најавениот увоз;

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје