„ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ
👁 Прочитано: 16434



„ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ

Друштвото за преработка, производство, услуги, трговија и увоз-извоз на земјоделски производи „ФРУКТАНА “ ДОО - с. Аргулица – Карбинци е основано во 2000 година.

Компанијата е извозно ориентирана и во моментот извезува во 15 држави во Европа, Русија, Канада и Нов Зеланд.

Со постојните расположливи капацитети, „ФРУКТАНА“ преработува вкупно околу 2000 тони вишна на сезона, како и околу 1800 тони пиперки. Останати производи што се преработуваат се сливи, цреши, аронија и друго овошје и зеленчук.

При посетата на оваа компанија, разговаравме со управителот на компанијата, Младен Митев, кој истакна дека позначајните инвестиции во компанијата се направени во текот на 2011 и 2012 година, период во кој е набавен проточен тунел за замрзнување, изградени се две лагер-комори, набавени се нови машини за вадење семки, како и опрема за преработка и подготовка на пиперки за замрзнување.

Компанијата постојано расте и инвестира во проширување и подобрување на производните капацитети, притоа максимално користејќи ги ИПАРД-фондовите.

Главни производи од процесот на преработка се:

- вишна во алкохол за индустријата за чоколади;

- замрзната вишна без семка;

- компот од вишна;

- пастеризирана вишна во лименка;

- замрзната пиперка;

- замрзнати сливи;

- замрзнати јагоди, малини, цреши;

- свежо овошје и зеленчук и др.

„ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТВо текот на своето работење „Фруктана“ ДОО се има наметнато како лидер во РС Македонија во примарното производство на вишна, како и во преработка на истата во финални производи, кои повеќе од 70 % се пласираат на странските пазари, претежно во Европската унија. Исто така, претставници од компанијата учествуваат на сите позначајни саемски манифестации кои се одржуваат во регионов и пошироко. Како позначаен настан се издвојува учеството на Саемот „Ануга“ во Германија, којшто се одржа во месец октомври 2019 година и каде што беше презентиран целокупниот асортиман на „Фруктана“. Од таму носат само позитивни импресии.

Во изминатите години компанијата има еден постојан континуитет на преработка на вишна поради долгогодишните договори за пласман кои ги има со своите домашни и странски партнери. Вкупното производство на вишна наменето за извоз се пласира во Франција, Германија, Белгија, Словенија, Молдавија, БиХ, Косово, Србија, Унгарија, Русија, Нов Зеланд, Канада и во други држави.

Како главни досегашни производи можат да се наведат:

- вишна во алкохол;

- пастеризирана вишна;

- компот од вишни;

- замрзната вишна без семка;

- замрзната пиперка.

Дел од потребните репроматеријали за производство компанијата досега ги набавува од домашниот пазар, а мал дел од набавките се вршат од увоз. Главно, тоа се репроматеријали од земјите во коишто се извезува готовиот производ. Најзначајниот репро-материјал којшто се увезува е алкохолот што се користи за производство на вишна во алкохол и кој во последните неколку години се набавува од компанија од Бугарија.

Визијата на компанијата е економско-финансиски да напредува, да го прошири капацитетот и асортиманот на производите, да ги зголеми преработените количини на готови производи, како и диверзификација на ризикот и во други производи, но доволно слични за да има познавање во производствениот процес, полесно остварувајќи ја целта.

„ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ  „ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ  „ФРУКТАНА“ ДОО - 20 ГОДИНИ УСПЕШНО ПРИСУСТВО НА ПАЗАРОТ

Моника Стоичева

Моника Јованова
Регионална канцеларија Штип