Семинар 21.07.2020 ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-

„онлајн“ семинар 10:00-13:00 часот

Семинарот дава одговори на следните прашања:

  • Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
  • Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење  содржи Инкотермс правило?
  • Што значи новото правило DPU?
  • Што е разликата помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020?
  • Кога имам контејнер дали треба да употребам FOB или FCA, CIP или CIF?
  • Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?
  • Што е разликата помеѓу CIP и CIF?
  • Кои главни обврски ги имаат страните во секое одделно правило?
  • Како правилно да ги употребувам правилата ИНКОТЕРМС 2020?

Во насока на суштинско разбирање на најупотребуваните термини во меѓународната трговија со кои се олеснува размената на стоки и кои помагаат да се избегнат недоразбирањата меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија,  организира  online семинар на тема: ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА - , што ќе се одржи на  21.7.2020 година (вторник), од 10:00 до 13:00 часот.
  
ПРОГРАМА:

- Што е тоа ИНКОТЕРМС и зошто 2020?
- Предностите на ИНКОТЕРМС
- Тие се дел од Договорот за ...?
- Што одредува, а што не, ИНКОТЕРМС 2020?
- ИНКОТЕРМС 2020 и институтските карго-клаузули за осигурување на стока;
- ИНКОТЕРМС 2020 и царинската вредност;
- Главни разлики помеѓу ИНКОТЕРМС 2010 и ИНКОТЕРМС 2020
- Основните карактеристики на сите правила ИНКОТЕРМС 2020:
   EXW, FCA, CPT, CIP, DAP,DPU, DDP, FAS, FOB, CFR, CIF.

Целна група:

Семинарот е намененет за: продавачи, купувачи, извозници, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, царински работници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со национална и меѓународна трговија, логистичари, финансии и слично.

 Предавач:

- Карло Змајшек,  директор на Центарот за шпедиција во Макпетрол А.Д. Скопје, консултант со 30-годишно искуство во извозно-увозното работење и носител на авторските права за ИНКОТЕРМС 2010 на македонски јазик со одобрение на Меѓународната трговска комора од Париз.
            
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- електронски работен материјал;
- електронски сертификат за учество на обуката.

             Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 17.7.2020 година. Групата е ограничена на 25 учесници.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.08.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ 2016 (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 24.08.2020
НАМАЛУВАЊЕ НА ПЛАТА, ОТСУСТВО ОД РАБОТА, ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ОД ДОМА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Семинар, 26.08.2020
ОСНОВИ НА AutoCAD
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“