ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 27 ОД 6 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Со измените и дополнувањата на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се врши прецизирање на условите кои треба да ги  исполнат производителите, извозниците и увозниците на производи од тутун и сродни производи, за да се запишат во регистарот на производители на производи од тутун и сродни производи и во регистарот на увозници и извозници во регистарот на производи од тутун и сродни производи и прецизирање на случаите  во кои може да се изврши бришење од регистарот.

Имено, со досегашните решенија на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи беше предвидено дека производството на производи од тутун и сродни производи, можеа да го вршат правни лица, кои се регистрирани во трговскиот регистар за вршење дејност производство на тутунски производи и кои се запишани во регистарот на производители на производи од тутун и сродни производи, што го води Министерството за економија, а промет на производи од тутун можеше да го врши правно лице регистарирано во трговскиот регистар за вршење дејност трговија на големо со производи од тутун. Ваквите одредби во пракса не даваа можност правните лица кои се производители на производи од тутун и сродни производи и кои истовремено вршат промет на производи од тутун и сродни производи, да бидат упишани во двата посебни регистари, на производители и увозници/извозници.

Воедно, во Законот не беше дефинирана формата, содржината и начинот на водење на регистерот на производители на производи од тутун и сродни производи и регистарот на извозници/увозници на тутун и сродни производи, како и немаше одредби со кои се дефинираше бришењето на правните лица од регистрите.   Со овој закон се воведува правен основ за донесување на подзаконски акт од страна на министерот за економија, со кој се пропишува формата, содржината и начинот на водење на овие регистри.

Исто така, се проширува опфатот на законскиот основ за донесување на подзаконски акт со кој ќе се дорегулираат видот на сертификатите за безбедност на електронскиот уред, напојувањето, батериите и полначите за батерии и за пакувања за сигурност

Со оглед на тоа што тутунот сега е опфатен со постоечката Национална стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година, во растителното производство со подмерка за Директни плаќања за произведен и продаден тутун по килограм за која во просек на годишно ниво се исплаќаат од 1,7 до 2 милијарди денари во зависност од откупената количина тутун (32% од вкупната финансиска поддршка во земјоделството), се укажува дека заедно со новата Стратегија за земјоделство и рурален развој за период 2021-2027 година треба да се донесе и посебна Стратегија за производство на тутун за истиот период поради изработка на сеопфатна финансиска рамка.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија".


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје