Интервју на Александар Гечев: ИГМ-Трејд трпи големи штети заради увозните квоти за челик од ЕУ
➢ Актуелно (14.09.2020)
👁 Прочитано: 1362



Интервју на Александар Гечев: ИГМ-Трејд трпи големи штети заради увозните квоти за челик од ЕУ

Како компанија имплементиравме строга и редовна примена на мерките за заштита од Ковид-19 и сме проактивни во менаџирањето на човечките ресурси со цел избегнување на големи застои во производството и сите други поврзани сектори. Но, планирањето на производството, залихите и остатокот од работењето е дефинитивно отежнато во ситуација на непредвидливи и спорадични отсуства и очекуваме владите и компаниите да продолжат со воведување на ад-хок решенија како резултат на самата епидемиолошка природа на вирусот.

Главен извозен пазар на ИГМ-Трејд се земјите членки на Европската Унија. Во првото полугодие од 2020 година, петте најголеми пазари се Германија, Чешка, Франција, Австрија и Словенија.

Изминатата 2019 година ја завршивме со извоз од 164.000 тона, а годинава за првото полугодие имаме извоз од 80.000 тона. Битно е да се знае дека поради европските квоти за увоз на челик како компанија сме оштетени за 25.000 тона годишен извоз во ЕУ, или неостварени приходи од околу 15 милиони евра на годишно ниво.

Како компанија сме страшно погодени од оваа мерка со оглед на фактот дека извозот на ИГМ-Трејд претставува 90% од продажбата на заварени цевки и профили со потекло од Македонија.

Целото интервју на Александар Гечев, генерален менаџер на ИГМ-Трејд Кавадарци и член на Управниот одбор и Собранието на Комората, дадено за порталот izvoz.mk е достапно на следниот линк.

Служба за информирање при Комората