БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА НА СОСТАНОК СО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА НА СОСТАНОК СО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

ЌЕ СЕ НАПРАВИ СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ИЗВОЗОТ ДА ТЕЧЕ БЕЗ ПРОБЛЕМИ

Приоритет е што поитно да се ослободат коридорите за обезбедување на непречено движење на репроматеријалите, суровините и готовите извозни производи, е пораката од работната средба која Стопанската комора на Македонија ја организираше помеѓу 20-те најголеми извозници во Република Северна Македонија и директорот на Царинската Управа на РСМ Ѓоко Танасоски.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески посочи дека е потребен сеопфатен пристап и решенија кои ќе се носат во од, согласно променливата ситуација. Не знаеме колку ќе потрае ситуацијата, треба сите ресурси да бидат ставени на располагање, ни се случија работи кои досега не се видени во пракса, паѓаат берзи, цели индустрии пропаѓаат, ЕУ доцни со мерките за коридори и заштитни механизми и мора да се знае дека секој е губитник во ситуацијата истакна Азески.

Директорот на Царинската управа на РСМ, м-р Ѓоко Танаскоски истакна дека прехранбената индустрија работи солидно и увери дека домашниот пазар ќе биде задоволен и нема да се почувствува во следните 3-4 месеци недостаток на основни ресурси. 20-те најголеми извозни компании од РСМ имаат најголем удел во извозот на земјата и ние како Царина се заложуваме за што поефикасен проток на стоки преку ослободување на коридорите за снабдување со репроматеријали за непречено работење. Токму транспортните проблеми се во фокусот на Царинската Управа. Ги следиме случувањата и на ниво на ЕУ и ЦЕФТА и се координираме , со цел да се обезбеди зелен коридор за непречен проток на медицински и прехранбени производи, но и репроматеријали потребни за целата индустријата. Се координираме со царинските управи од земјите во регионот, обврзувајќи се за непречено функционирање на компаниите. Транспортот е голем проблем, особено професионалните возачите. Се обидуваме да бидеме медијатор помеѓу мерките за здравство и барањата на компаниите, да изнајдеме решение и да се избегне карантинот од 14 дена за возачите, истакна Танаскоски. Дозволите кои се издаваат во моментот треба бидат децентрализирани како би се спречиле гужвите на влез и излез од границите. Работите не може да се планираат подолго од 2 дена, наше е да направиме најдобро што може, а ваков зелен коридор сакаме да се воспостави и на ниво на ЕУ, додаде директорот на Царина. Забраните кои ги воведува Царина ги контролираме благодарените на системот кој е во сила, но забрана е забрана и мора да се почитува. Бесхартиениот извоз ќе овозможи на најголемите компании да избегнување контакт и зголемување на протокот на стоките, за што говорат и резултатите од вчерашниот извоз каде 95% од бесхартиениот извоз поминал без никаков проблем. Танаскоски апелира компаниите да се прилагодат кон сопствениот буџет и ресурси и врз основа на тоа да го планираат производството, исто така посочи дека кај голем број компании истекуваат банкарските гаранции, за што е побарано од банките да ги продолжат истите автоматски на минимум 3 месеци.

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА НА СОСТАНОК СО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Стопанствениците апелираа дека стопанството е соочено со еден од најголемите предизвици, и мора да се преземаат големи мерки, макар тие биле и нестандардни, за да се обезбеди непречено работење. Мора да се реагира брзо за поддршка на целиот приватен сектор, а не само на секторите кои досега се погодени. И покрај поединечните проблеми со кои се соочуваат сите чинители на домашната економија, потребно е да се најде заедничко решение како да се зачуваат работниците, кои стопанството и онака тешко ги наоѓа, и максимално да се помогне во вакви услови во кои владее неизвесност и страв помеѓу луѓето. Моменталната ситуација на пазарот на труд ни налага дека мора по секоја цена да креираме мерки да ги зачуваме луѓето. Секојдневно треба да се следи ситуацијата и секојдневно да се доаѓа до нови решенија кои ќе одговараат на тековната ситуација, која се менува на дневно ниво. За одговор на овие предизвици мора да бидат ставени на располагање сите ресурси, порачаа стопанствениците од компаниите- најголеми извозници во македонската економија.

Извозниците ги поздравија напорите на Царинската Управа и ангажманот на нивните служби за да се овозможи максимален проток на стоките, како и активностите кои се преземаат за да се забрза и поедностави издавањето на посебните дозволи што ги издава Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Со овие мерки ќе се надминат констатираните застои во однос на обезбедување на снабдувањето со репроматеријали, кои во моментот особено се изразени на граничните премини во Словенија и Хрватска, што го отежнува нивното оперативно работење, како и на проблемите за обезбедување на непречено движење на возачите на товарни возила, односно исполнувањето на епидемиолошките услови што треба да се задоволат за возачите кои влегуваат и излегуваат од нашата држава и кои доаѓаат од кризните подрачја.

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА НА СОСТАНОК СО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Од Царина информираат дека во текот на денот ќе се одржи состанок на сите директори на царински управи од регионот на ЦЕФТА со цел усогласување на протокот на стоки како во ЕУ така и во 13 земји од Југоисточна Европа и земјите во рамки на ЦЕФТА. Царина побара од компаниите извознички да достават предлог листа на артикли кои што би биле вклучени во листата за брз проток по приоритетната црвена линија за излез. Исто така беше потенцирано дека Царинската управа овозможува одложено плаќање на царинските давачки во период од 30 дена со приложување на банкарска гаранција од страна на компаниите, охрабрувајќи ги истите да го користат овој инструмент.

Истовремено, извозниците целосно ги поддржаа активностите на Царинската Управа за воспоставување на приоритетни коридори со земјите од ЦЕФТА регионот, и апелираа што побрзо да бидат воспоставени зелениот коридор со приоритетни ленти за камионите со храна, репроматеријали за прехранбената индустрија, за медицинска опрема и материјали, но и посебни коридори за проток на стоки за сите други индустрии, а истовремено да се размислува и за максимално интензивирање на железничкиот превоз.

На средбата се дискутираше и за актуелните состојби во автомобилската индустрија, каде како резултат на затворањето на погоните од оваа индустрија ширум Европа и намалувањето на нарачките, најавено е застанување со производството на голем дел од капацитетите во нашата земја.

На крајот, препорачаа по примерот на кризниот штаб на државно ниво, кој го координира справувањето со тековните состојби, да се формира и кризен економски комитет, во кој ќе бидат директно вклучени стопанственици од клучните индустрии, и на дневно ниво ќе се дејствува за справување со отворените прашања за непречено работење на стопанството.

БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА НА СОСТАНОК СО ЦАРИНСКАТА УПРАВА

Претседателот Азески истакна дека стопанството активно ќе продолжи да ги следи мерките од Владата, но исто така посочи дека е потребно итно преземање на дополнителни мерки во корист на македонските компании. Тој предложи да се формира кризен штаб во кој ќе бидат вклучени претставници од реалниот сектор како и државата да ги стави сите ресурси на располагање на компаниите бидејќи сите можеме да бидеме погодени од моменталната ситуација, апелирајќи побрзо воспоставување на зелен коридор кој ќе го поврзе Западен Балкан со земјите од ЕУ.

Михајло Донев
М-р Сања Николова

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Македонија