РАБОТНА СРЕДБА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО ВЛАДАТА НА РСМ - ЗАЕДНИЧКО БРИФИРАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА

   

АКТУЕЛНО / 31.01.2020
👁 Прочитано: 472


РАБОТНА СРЕДБА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО ВЛАДАТА НА РСМ - ЗАЕДНИЧКО БРИФИРАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со министрите задолжени за странски инвестиции Зорица Апостолска, д-р Бардуљ Даути и д-р Елвин Хасан, директорите на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски, на Фондот за иновации, Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Арбен Вила,  како и претставници на други државни органи, на 31.01.2020 година во Стопанската комора на Македонија одржаа работна средба со претставници на компании-членки на Советот на странски инвеститори.

Целта на состанокот беше да се презентира спроведувањето на економските политики на Владата во однос на странските и домашните инвестиции, како и запознавање на вицепремиерката со предизвиците и состојбите со коишто се соочуваат странските инвеститори во нивното работење и евентуални предлози за нивно надминување.

Претседателот на Советот на странски инвеститори и генерален директор на „ЕВН“, Штефан Петер, посочи дека состанокот со вицепремиерката и владиниот тим се одржува во вистинско време и дава импулс дека и покрај тоа што се наоѓаме во предизборен период, стопанството треба да продолжи да работи и да се развива со предвидената динамика.

-Oвој состанок е мошне важен за Советот на странски инвеститори и доаѓа во вистинско време, зашто сите го почитуваме Пржинскиот договор и Парламентот ќе почне со пауза, но глобалната економија, економијата во Северна Македонија не се на пауза и бизнис-секторот не запира. Затоа сум благодарен што на оваа средба може да дискутираме за економските реформи што се неопходни, а што се прикажани во нашата Бела книга од 2018 година. Ги повикувам сите мои колеги, претставници на домашни и странски компании, да не чекаат со носењето одлуки, да не чекаат да завршат изборите, туку да дејствуваат сега. Бизнисот мора да функционира и да се развива, - потенцираше Петер.

Тој напомена и дека Советот не адресира проблеми до Владата, туку решенија. Претседателот на Советот ги потсети креаторите на економските политики за препораките од Белата книга за решавање на отворените прашања идентификувани од странските инвеститори во земјава, како и на специфичните барања на компаниите од слободните економски зони дискутирани на претходни средби помеѓу Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство со премиерот Заев и економскиот тим на Владата на РСМ.

РАБОТНА СРЕДБА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО ВЛАДАТА НА РСМ - ЗАЕДНИЧКО БРИФИРАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, која го предводи владиниот тим на состанокот, истакна дека посветено се работи на усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд. Веќе се реализирани и десетина проценти од предлозите на компаниите кои се наведени во Белата книга за 2018 година.

- Како Влада ги изанализиравме сите нивни предлози, направивме пресеци, а денеска, на овој состанок ќе дискутираме кои се оние што досега се реализирани и што останува пред нас како предизвик и сметам дека сме во добра стартна позиција зашто околу десетина проценти се веќе реализирани од нивните предлози, а дополнително околу 62% се во процес на реализација, зашто голем дел од регулативата е во трудовото законодавство. Тоа се безбедност и здравје при работа и новиот закон за работни односи кој го работевме заедно со стопанските комори. Голем дел од оние барања кои се поставени во Белата книга веќе се адресирани во новото законско решение кое очекуваме да биде ставенo во собраниска процедура по составот на новата влада, - рече Царовска.

Присутните компании-членки на  Советот на странски инвеститори ги упатија своите предлози до владините претставници за решавање на најгорливите проблеми со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење поврзани усогласување и ревидирање на царинските стапки, како и други прашања поврзани со даночната регулатива, а особено рационализација на парафискалните давачки, одливот на стручен кадар од земјава, подобрување на инфраструктурата, прашањата поврзани со минималните плати, финансиската поддршка на инвестициите од страна на државата и можноста за подобрување на определени законски решенија во оваа област, потребата од консултација на Советот на странските инвеститори при носење или менување на законската регулатива, како и потребата од создавање предвидлив и стабилен бизнис-амбиент, што ќе овозможи и соодветно, навремено и оптимално планирање на деловните одлуки на странските инвеститори во земјата.

РАБОТНА СРЕДБА НА СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ СО ВЛАДАТА НА РСМ - ЗАЕДНИЧКО БРИФИРАЊЕ ЗА АКТУЕЛНИТЕ ЕКОНОМСКИ СОСТОЈБИ И ПРЕДЛОЗИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИС-КЛИМАТА