ЗАКОН ЗА ОТПИС НА КАМАТИ И РЕПРОГРАМИРАЊЕ НА ДОЛГОВИ И ТРОШОЦИ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 31 ОД 10 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Со овој закон се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати, како и за репрограмирање на главниот долг и трошоците кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите согласно Законот за извршување ( „Службен весник на Република Македонија“ број 35/2005, 50/2006, 129/2006, 8/2008, 83/2009, 50/10, 83/10, 88/10, 171/10, 148/11 и 187/13.) заклучно со 31 декември 2011 година, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности и сродни дејности пред извршителите заклучно со 31.12.2017 година.

Доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите, како на главниот долг, така и на трошоците на постапката и репрограмирање на главниот долг и трошоците без камата во рок од три месеци од денот на влегување во сила на овој закон. Овие доверители имаат обврска да ги известат извршителите за прецизираното барање за извршување во рок од 30 дена од отписот на каматите.

Доверителите во приватна сопственост , отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, го вршат на доброволна основа, согласно одлука на органот на управување која задолжително мора да ја донесат во рок 90 дена од денот на стапување во сила на овој закон, без оглед дали ја прифаќаат или не ја прифаќаат примената на одредбите од овој закон. Овие доверителите се должни за нивната одлука да го известат Министерството за финансии кое ја информира јавноста со објава на нивната веб-страница и средствата за јавно информирање.

Доверителите во приватна сопственост ги известуваат извршителите за прецизираното барање за извршување во рок од 30 дена од денот на донесување на одлуката.

Доверителите во државна или јавна сопственост, како и доверителите во приватна сопственост кои донеле одлука за примена на овој закон, вршат репрограмирање на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, но не вклучувајќи ја и каматата што произлегува од истите во месечни рати, во зависност од висината на доспеаниот долг и трошоците и тоа на следниот начин:

ВИСИНА НА ДОЛГ И ТРОШОЦИ

РОК НА ОТПЛАТА

До 10.000,00 денари

6 месеци

Од 10.0001,00 до 60.000,00 денари

12 месеци

Од 60.0001,00 до 120.000,00 денари

24 месеци

Од 120.0001,00 до 240.000,00 денари

36 месеци

Над 240.000,00 денари

48 месеци

За досепани и неплатени рати на репрограмираниот долг и трошоци, се пресметува законска казнена камата.

Овој закон влегува во сила осмиот ден од енот на објавувањето во „Слу=бен весник на РСМ“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје