Саем 14.10.2020 - 14.01.2021 Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“

Минск, Белорусија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Белоруската стопанско-индустриска комора, ве покануваат да земете учество на овогодинешниот Меѓународен „онлајн индустриски саем „ТеМЕкс, којшто ќе се одржува во периодот од 14.10.2020 до 14.01.2021 година.

Саемот претставува интерактивна платформа составена од виртуелни штандови на компании од разни земји ширум светот. Секој штанд содржи виртуелни примероци на производи, услуги, презентации, комерцијални понуди од компаниите. На посетителите на штандовите ќе им биде овозможена комуникација со претставник од компанијата преку електронската платформа за допишување.

Настанот има за цел на едно место да им овозможи претставување на компании од областа на:

  • земјоделска и комунална механизација;
  • механизација и технологија за обработка на метал;
  • заварување и леарско производство;
  • опрема за рударство и хемиска индустрија;
  • пумпи;
  • радио-инженерство;
  • технологии за адитиви;
  • суровини и репроматеријали;
  • напредни ИТ-технологии и дигитализација;
  • информатички решенија и услуги;
  • 3Д-моделирање и проширена виртуелна реалност;
  • финансирање на индустриски проекти;
  • издавање концесии, лизинг, осигурување од ризици (факторинг).

Поради ситуацијата предизвикана од пандемијата поради КОВИД-19, овогодинешните семинари, конференции и форуми, како и сесиите за вмрежување за време на виртуелниот саем ќе бидат организирани виртуелно, што дополнително ќе го зголеми учеството на претставници од владини агенции и компании ширум светот.

Повеќе информации за овогодинешниот Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“ (услови за учество, регистрација, агенда) можете да најдете во приложената брошура ( TeMEx EN.pdf) или на официјалната веб-страна на организаторот на настанот, на следниот линк: https://www.belinterexpo.by/en/exhibition/international-industrial-online-trade-show/#pavilions .


Контакт лица:

Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 070 390 009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“