НОВ ПОДЗАКОНСКИ АКТ НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 239 ОД 19 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 27 став (9) и член 42 став (4) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 и 64/18), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе

- Правилник за општите барања за безбедност на храната во однос на нивоата на референтните вредности за намалување на присуството на акриламид во храната(*)

Со овој правилник се пропишуваат општите барања за безбедност на храната во однос на нивоата на референтните вредности за намалување на присуството на акриламид во храната.

Операторите со храна треба да ги применуваат мерките за ублажување на влијанието дадени во Дел II и Дел III од овој правилник, во поглед на постигнување на најниско можно ниво на акриламид под нивоата на референтните вредности наведени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник, за следните производи кои ги произведуваат и ги ставаат во проме:

1) помфрит, други исечени (пржени во длабоко масло) производи и исечен чипс од свеж компир;
2) чипс од компири, грицки, солени крекери и други производи од компир од тесто од компири;
3) леб;
4) житарки за појадок (освен овесна каша);
5) фини пекарски производи: колачиња, бисквити, двопек, житни плочки, колачи, корнети, обланди, медењаци, чајни погачи, колач со ѓумбир, како и солени крекери, крцкав леб и замена за леб. Во оваа категорија солените крекери претставуваат суви бисквити (печен производ базиран на житно брашно);
6) кафе:
  а) печено кафе и
  б) инстант кафе;
7) замена за кафе и
8) храна за бебиња и преработена храна од житарки наменети за доенчиња и мали деца.

Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје