ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2019 ГОДИНА, ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 237 ОД 15 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА



Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 ноември 2019 година, донесе

-    Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2019 година

Во Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 106/19, 120/19, 181/19 и 221/19) се додава нова подмерка „1.20-a“ „Директни плаќања за произведено и предадено грозје од сортите смедеревка, вранец, картошија, станушина, бургундец црн, жилавка и кадарка, во регистрирани капацитети за производство на вино во РСМ.“ Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје