ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
17.08.2019 👁 Прочитано: 392

Емпириска анализа на перформансите на извозот и економскиот раст: случајот на Македонија


Емпириска анализа на перформансите на извозот и економскиот раст: случајот на МакедонијаДоц. д-р Дарко Лазаров, професор на  Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, е автор на трудот - Емпириска анализа на перформансите на извозот и економскиот раст: случајот на Македонија.

Главната цел на трудот е да се истражи извозната структура на македонската економија на ниво на производи и да се анализира влијанието на софистицираноста на извозот врз економскиот раст.

Резултатите покажуваат дека македонскиот извоз бележи значителен позитивен тренд во последните две децении, но извозната структура е сè уште високо концентрирана (првите 10 производи имаат скоро половина од вкупниот извоз на земја) и е составена од производи со релативно ниска сложеност ниво (облека, основни метали, земјоделски производи). Покрај тоа, проценетите резултати засновани врз моделот на векторска авторегресија (VAR) и тестот за каузалност на Гранџер покажуваат позитивна и статистички значајна каузална врска помеѓу извозната софистицираност и економскиот раст за периодот 1995-2017 година.

Оттука, креаторите на политики треба да дизајнираат политика што ќе иницира процес на диверзификација на извозот и структурна трансформација со преминување од производи со пониска додадена вредност кон производи со висока сложеност со цел да се забрза стапката на раст.

Преземете ја анализата од следниот линк Empirical analysis of export performance and economic growth: the case of Macedonia

Inderscience Publishers - linking academia, business and industry through research

Емпириска анализа на перформансите на извозот и економскиот раст: случајот на Македонија