Семинар / 16.12.2019

МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна работилница на тема:

МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА, ПРАКТИКУВАЊЕ НАВРЕМЕНО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ДЕЛОВНАТА СОРАБОТКА

16.12.2019 година (понеделник)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија, на 16 декември 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Методи за надминување на проблемот на задоцнета наплата на побарувања, практикување навремено исполнување на паричните обврски и правна заштита во деловната соработка“. Правната, но, и економската сигурност во бизнисот во голема мера зависи од способноста на правните субјекти да веруваат дека трансакциите во кои стапуваат, односно договорите кои ги склучуваат ќе бидат исполнети целособразно, навремено и комплетно. Оттука, цел на работилницата е да се одговори на секогаш актуелното прашање: кои методи на заштита можат да се применат при соочување со предизвикот на задоцнета наплата на побарувањата помеѓу правните субјекти, кои се најдобрите и најсигурните начини за наплата на таквите побарувања, и како да се гради деловна практика на навремено исполнување на паричните обврски, како во домашниот, така и во надворешниот промет со странски субјекти.

Одговорот на ваквото прашање ќе се обезбеди преку преглед на правната регулатива која ја засегнува темата од интерес, а особено: настанувањето и докажувањето на постоењето на побарување, доброволната, но и присилната наплата на побарување, договорното регулирање на исплаќањето на паричните побарувања, како и облиците на меѓусебно намирување. При тоа, детално ќе бидат објаснати сите потребни дејствија и процедури, користејќи се со практични примери на одлуки, решенија и пресуди, како и со дискусија во врска со најчестите прашања и дилеми кои се сретнуваат во текот на исполнувањето и наплатата на паричните обврски.

ПРОГРАМА

I. НАСТАНУВАЊЕ И ДОКАЖУВАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА ПОБАРУВАЊЕ

- Фактурата како документ кој искажува остварен промет
  • Влезна и излезна фактура;
  • Форма и содржина;
  • Составни елементи;
  • Момент на доспеаност;
  • Напомена во фактурата за извршен промет за целите на ДДВ;
  • Застареност;
- Практични примери.

II. ОПОМЕНАТА ПРЕД ТУЖБА КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ; 

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

- Опомена пред тужба;
- Законска регулатива:
  • Закон за финансиска дисциплина;
  • Подрачје на примена;
  • Рокови на исполнување;
  • Надоместок за доцнење;
  • Надзор и контрола врз економските оператори;
  • Прекршочна постапка;
- Практични примери.

III. НОТАРСКИОТ ПЛАТЕН НАЛОГ КАКО НАЧИН ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

- Законска регулатива:
- Закон за нотаријат;
- Постапка за издавање нотарки платен налог како механизам за наплата на доверителовите побарувања;
- Закон за извршување;
- Наплата на парично побарување во извршна постапка;
- Наплата на побарување со странски елемент;
- Практични примери.
 
IV. ДОГОВОРНО РЕГУЛИРАЊЕ НА НАЧИНОТ НА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ
- Законска регулатива:
- Закон за облигационите односи;
- Исполнување со суброгација (Предмет на исполнување, засметување на исполнување, признаница);
- Отпуштање на долг;
- Новација;
- Практични примери.

V. ОБЛИЦИ НА МЕЃУСЕБНО НАМИРУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ
- Компензација;
- Цесија – отстапување на побарување со договор;
- Преземање на долг, пристапување кон долг, преземање на исполнување;
- Практични примери.

Предавачи:

- Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка Вашингтон и Европски суд за човекови права-ECHR. Член на постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP програмата на Совет на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството.

- Викторија Спасовска - Симоноска, правник во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.


За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 13.12.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ