ПРОТОКОЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАКТИЧНАТА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМПАНИИ
➢ Актуелно (31.07.2020)
👁 Прочитано: 609



ПРОТОКОЛИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА  ПРАКТИЧНАТА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМПАНИИ

Практичната обука во компании, вклучувајќи го и учењето преку работа и феријалната практика на учениците, се суштински дел од стручното образование и обука за стекнување стручни вештини за определена квалификација и компетентност. Ефектот е голем затоа што се спроведува во работна средина на реално работно место и учениците имаат можност да ja комбинираат теоријата и праксата, да стекнуваат вештини за клучни работни задачи на занимањето, да користат разни алатки и методи за работа, како  и  да ги проценуваат сопствените потреби за учење и развој. Состојбата предизвикана од корона вирусот ги измести стандардните активности во реализацијата на практичната обука и воопшто во образовниот процес во стручното образование и обука и наметна потреба од примена на низа стандарди и протоколи во работењето со цел на заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените. Се воведоа Протоколи за однесување за крајот на учебната 2019/2020 година, за уписите во новата учебна година, а во тек се подготовка на Протоколи за почетокот на учебната 2020/2021 година.

Стопанската комора на Македонија, која е во непосредна релација со бизнис секторот и  вклучена во процесите на практичната обука во компаниите, дирекно е засегната за непречена и квалитетна реализација на практичната обука на учениците за стекнување на потребните практични вештини. Имајќи ја во предвид настанатата состојба со корона вирусот, а со цел да се заштити здравјето и безбедноста на учениците, со поддршка на Проектот ,,Образование за вработување пристапи кон изработка на протоколи за начинот на реализација на практичната обука и феријалната практика на учениците во реална работна средина.  Тргнувајќи од спецификите на дејностите и секторите, како и работењето на фирмите и компаниите, Стопанската комора на Македонија е во подготовка на 4 различни Протоколи за реализација на практичната обука и феријалната практика кај работодавач и тоа: во секторот машинство (во кој се опфатени машинската и автомобилската индустрија), посебно за компаниите кои најчесто примаат ученици на пракса, во секторот во секторот земјоделие и ветерина, во секторот хемија и технологија (во кој е опфатена прехрамбената индустрија) и во секторот лични услуги.

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија