ЗАКЛУЧОЦИ на Владата на Северна Република Македонија поврзани со COVID-19

   

28.03.2020
👁 Прочитано: 497


Известување за работа во време на полициски час со прилог Образец – Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Согласно заклучокот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб одржан на 27 март 2020 година, Ве известуваме дека дозволите кои се издаваат за движење од страна на работодавачите за своите вработени за 3 и 4 смена, согласно досегашната воспоставена пракса, истите (Истиот Образец – Дозвола и начин) ќе важат и за време на забраната и посебниот режим на движење за време на викендите, по 16 часот. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР.
Истовремено Ве известуваме, а поврзано со прашањата од страна на банки и други компании кои може да имаат интервентна потреба во време на полициски час, поврзана со работа на работно место како софтверски, системски и други интервентни потреби, потребно е за ова работодавачот да планира работник /ци на смена, за кои/и ќе издаде дозвола на истиот начин како за работа во смена.

Прилог – Соопштение


 

Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. Потсетуваме на законската обврска за пријава на ноќна работа  -  работодавачот е должен да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).

Допис за дозвола работа во смени и Т1 дозвола (превземи) 

Образец Дозвола (превземи)

Обрасци кои треба да се достават до Државен инспекторат за труд (лично или електронски на prijava@mtsp.gov.mk)

Известување за ноќна работа (превземи)

Известување за прекувремена работа (превземи)

 

Заклучоци на Владата на РСМ, поврзани за состојбата предизвикана од COVID-19

* 10.3.2020, Заклучоци од 15 седница на Владата на РСМ

* 11.3.2020, Заклучоци од 16 седница на Владата на РСМ

* 13.3.2020, Заклучоци од 18 седница на Владата на РСМ

* 16.3.2020, Заклучоци од 20 седница на Владата на РСМ

* 18.3.2020, Заклучоци од 22 седница на Владата на РСМ

* 21.3.2020, Заклучоци од 25 седница на Владата на РСМ

* 23.3.2020, Заклучоци од 26 седница на Владата на РСМ

* 24.3.2020, Заклучоци од 27 седница на Владата на РСМ

* 25.3.2020, Заклучоци од 28 седница на Владата на РСМ

26.3.2020, Заклучоци од 29 седница на Владата на РСМ

* 27.3.2020, Заклучоци од 30 седница на Владата на РСМ