COVID-19 информации за стопанството

   


Почитувани членки, компании,

Во интерес на бизнисот, актуелната состојба со Корона вирусот налага во следниот период преку оваа рубрика да Ве информираме за сите преземени мерки од страна на државата но и за предлозите и укажувањата на деловниот сектор.

Во таа насока на дневна основа континуирано од тука, ќе ве информираме за:

- Мерките што се преземаат за превенција и заклучоците кои се усвојуваат од Владата;

- Предлозите и укажувања по отворени прашања за примена на мерките и препораките за справување со актуелните состојби и сугестии за непречено спроведување на работењето и намалување на штетните последици кои би можеле да настанат во компаниите.

Во продолжение линкови за дневно следење на информациите кои може да ви бидат од корист за:

Ø донесени владини мерки - http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Ø информации од значење за бизнисот од државни институции - https://mvr.gov.mk/vest/11448https://vlada.mk/covid19;

Ø мерки на претпазливост по земји - https://travel.mfa.gov.mk/

Ø список на земји со одреден степен на ризик - http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Spisok-na-zemji-spored-rizik-22.03.2020.pdf   

26.03.2020, COVID-19 - Информации за стопанството
ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЗИНФЕКЦИЈА, ДЕЗИНСЕКЦИЈА И ДЕРАТИЗАЦИЈА ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а во врска со настаната ситуација како резултат на Корона вирусот, Министерството за здравство има издадено одобренија за вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречувањ...
26.03.2020, COVID-19 - Информации за стопанството
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ ЗА ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ ЗА ПРЕВОЗ НА СТОКИ КОИ ТРАНИЗИТИРААТ НИЗ БИХ
Советот на министри на Босна и Херцеговина, на предлог на Министерството за безбедност како мерка за забрана и ширење на заразната болест, донесе одлука со која се определуваат гранични премини за влез/излез за превоз на стоки кои транзитираат низ Бо...
26.03.2020, COVID-19 - Информации за стопанството
Европската комисија донесе Одлука за усогласени стандарди за медицинска опрема/средства
На 24 март 2020 година, Европската Комисија усвои одлуки во однос на усогласените стандарди, кои ќе им овозможат на производителите да стават на пазарот уреди со високи перформанси за заштита на пациентите, здравствените работници и граѓаните. Станда...
25.03.2020, COVID-19 - Информации за стопанството
ЈАВЕН ПОВИК ОД РАЗВОЈНАТА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ ЗА ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
Во прилог Ви го пренесуваме јавниот повик од Развојната банка на Северна Македонија за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен ...
25.03.2020, COVID-19 - Информации за стопанството
Препораки за однесување на вработените во производните капацитети
На фирмите кои вршат дејност производствои имаат производни погони,хали и слично , им се препорачува производниот процес да се орграниза на следниот начин:1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени д...