ШТИПСКОТО СТОПАНСТВО Е ЗАВИСНО ОД ЗАПАДНИОТ ПАЗАР

   

👁 Прочитано: 3283


ШТИПСКОТО СТОПАНСТВО Е ЗАВИСНО ОД ЗАПАДНИОТ ПАЗАР

Наум Барзов претседател на Регионалната Стопанска комора со седиште во Штип  при Стопанската комора на Македонија и ко-сопственик на чевларската фабрика „Баргала“

Штип е град пред се на текстилната индустрија, каде голем дел од текстилните компании во овој период своето производство го преориентираа кон производство на заштитна опрема, маски, скафандери како за локалниот и така и за западно-европскиот пазар, и на тој начин го покриваа недостатокот на нарачки од страна на своите странски партнери.  

Не верувам дека компаниите ги чекаат мерките на Владата за да знаат што треба да направат. Пред се чекаат да се стиши состојбата на западните пазари каде што имаат долгогодишни договори, за да дојдат нови нарачки и да се продолжи со традиционалниот начин на производство и работа.

Најголем дел од нарачките на текстилните компании се редуцирани заради намалената побарувачка од западниот пазар пред се германскиот пазар, а очекувањата за наредниот период се, дека ситуацијата пред се во Западна Европа ќе се стабилизира, ќе се отворат големите шопинг молови, а со тоа ќе се врати довербата на крајните потрошувачи и ќе почнат да се купуваат производите. Штом се подобри состојбата на западните пазари каде компаниите имаат долгогодишни договори со традиционалните партнери, се очекува да почнат да доаѓаат и нови нарачки, а со тоа да се продолжи со традиционалниот начин на производство и работа.

Сетот на мерки кои беа донесени од страна на Владата беа добредојдени за стопанството и најголем дел од компаниите од регионот аплицираа и  искористија дел од тие мерки, а во едни вакви услови најдобар играч и стимулатор на домашната потрошувачката треба да биде самата држава.