ПОСТОИ ИНТЕРЕС И ВОЛЈА ОД КОМПАНИИТЕ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

   

АКТУЕЛНО / 14.01.2020
👁 Прочитано: 393


ПОСТОИ ИНТЕРЕС И ВОЛЈА ОД КОМПАНИИТЕ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ

Со поддршка на Стопанската комора на Македонија, се одржа работен состанок со претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежните материјали и неметалите при Комората и претставници на стручното градежно училиште ,,Здравко Цветковски” од Скопје на тема: реализацијата на практичната обука на учениците во компанија. На средбата во просториите на Комората преставниците од градежното училиште, професори по практична настава, ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат околу реализацијата на практичната обука. Работната средба покажа дека постои интерес и волја од компаниите да помогнат во развивањето на стручните вештини и компетенции кај учениците преку вклучување на ученици од градежното училиште во реализацијата на практична обука во нивните компании.

- За успешно реализирање на практичната обука на учениците сите учесници вклучени во процесот треба да покажат максимална одговорност и сериозен пристап кон процесот. Во спротивно би имало само импровизација на истиот што би ги обесхрабрило учениците и останатите учесници, истакна претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежните материјали и неметалите при Комората Андреја Серафимовски.

м-р Наташа Јаневска