Нови 13 домашни компании регистрирани за извоз на храна во ЕУ
➢ Актуелно (14.01.2020)
👁 Прочитано: 906



Нови 13 домашни компании регистрирани за извоз на храна во ЕУ

13 оператори со храна од земјава се ново регистрирани за извоз во Европската унија. Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 до крајот на декември 2019. Компаниите пред се извезуваат храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба.

Според директорот на на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, АХВ го изврши прилагодувањето на законодавството со европското во најголем дел преку задоволување на хигиенските стандарди, вклучително и за традиционалните производи. Унапредени се условите на фармите и благосостојбата на животните, модернизирани се производните објекти за храна од животинско потекло, подобрен е квалитетот на суровото млеко, зголемена е контролата на пестицидите, а сигурен, веродостоен е и системот на националните лаборатории. На овој начин храната произведена во нашата земја ги гарантира високите стандарди не На денешниот брифинг со медиумите, директорот на АХВ информираше и дека сСе зголемува будноста за следење на африканската свинска чума откако вчера се отвори уште едно жариште во Србија, кај Пирот, а пред една недела болеста беше потврдена и во уште четири реони на Бугарија. Во земјава африканска чума нема, но во сила остануваат веќе донесените мерки и забрани. При тоа директорот нагласи дека опасноста не е помината и дека ќе трае повеќе години. Фармерите и натаму треба да ги спроведуваат биосигурносните мерки, а граѓаните кои патуваат надвор не треба да носат во куферите храна од животинско потекло, посебно не производи од свинско месо.

Од  август 2019 година досега, отстрелани се околу 1.000 диви свињи, но кај ниту една не е детектиран вирусот на африканска чума. Во ловиштата без концесионери, се издаваат дозволи за отстрел информира директорот на АХВ.

Во однос на класичната чума, вакцинацијата на свињите е прекината на 30 септември/1 октомври 2019. Земјава во втората половина од 2020 година ќе побара Светската организација за здравствена заштита на животните да и додели статус на слободна од болеста, а веќе од 1 јануари 2021 година се очекува да почнеме со извоз на свежо свинско месо и живи свињи.

Атанасов ги потврди оценките на ФАО дека е можно поскапување на храната, особено на свинското месо поради болеста.

Соопштение за информирање