ИСТОРИЈАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ДАВОС
➢ Вести (10.01.2020)
👁 Прочитано: 1242



ИСТОРИЈАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ДАВОС

Светскиот економски форум се наближува. Форумот, чие формирање датира од 1971 година од страна на професорот по економија Клаус Шваб од Универзитетот во Женева, најпрво бил именуван како Европски Раководен Форум, за во 1987 да го промени името во Светски Економски Форум. Во визијата на форумот е платформата за решавање на меѓународни конфликти и прашања, а оваа година седум теми се во фокусот меѓу кои технологија, подобрување на бизнисот, иднина на работењето, глобално здравје и медицина, глобално затоплување и климатски промени како и човечкиот фактор и влијание на земјата.

Давос е единственото место кое во 4 дена ги собира 1% од највлијателните бизнисмени во светот, светски лидери, иноватори, претставници на најмоќните медиуми во светот но и  професори од Харвард, МИТ, Колумбија и други.

Магазинот Економист го нарекува Давос “најмоќната бизнис конференција во светот каде во ходникот можете да го сретнете Мајкал Дел, Бил Гејтс или пак Марк Цукерберг”.  Интересен е фактот дека од 2014та година листата на гости на неспорно најзначајната конференција во светот е скриена поради безбедност.

За нас Давос е познат како местото од каде поранешниот премиер Зоран Заев во 2019та изјави дека заедно со лидерот на грчката дипломатија ги отворија вратите за решавање на спорот со името.
Оваа година Форумот на Магичната планина како што се нарекува Давос ќе се одржи од 21 до 24 јануари. За да присуствувате на најмоќниот настан на годината потребно е да бидете член на Светскиот Економски Форум чија чланарина изнесува 52,000$ и да купите карта од 19,000$, што сумира на вредност на  71,000$ за карта за еден учесник.

Превземено од: Фактор.мк