КАЈ ДАНИ НА ПРВО УТРИНСКО ЧИТАЊЕ

   

👁 Прочитано: 82


КАЈ ДАНИ НА ПРВО УТРИНСКО ЧИТАЊЕ

 

ТОП ТРИ ВЕСТИ

- Свет – Изборите во Британија и иднината на БРЕГЗИТ.

- Македонија – Проектот „ Образование за вработување“ (Е4Е), организира работилница за дефинирање на модели за финансирање на квалитетно стручно образование и обука, согласно потребите на пазарот на труд, дел од реформскиот процес на образовниот систем во државата. (Стопанската комора на Македонија е партнер во Проектот Е4Е).

- Комора Советот на странски инвеститори со премиерот Зоран Заев ќе расправат за увозот на работна сила, прашање кое станува приоритетно за секоја компанијата во услови на масовна миграција, како дел од светските текови.

П.С. Иницијативата за која ќе се разговара на работната средба на Советот на странски инвеститори со премиерот и неговиот тим соработници, предлага изработка на заедничка стратегија за справување со појавата на масовна миграција на работоспособното население и обезбедување квалификуван кадар согласно потребите на бизнисот.

Од настаните издвојуваме:

- АКТУЕЛНО, понеделнички, редовна пресс конференција на која ќе информираме за резултатите од преземените активности за подигнување на конкурентноста на домашните компании и зголемување на соработката со странските...

- Во НЕДЕЛЕН КОМЕНТАР, д-р Елена Милевска Штребевска отвора дилема дали за агро секторот во државата се води соодветна грижа, во смисла на следење на современите трендови и можности за натамошен развој?

М-р Зоран Јовановски пишува за системските аспекти на буџетот и многу стабилизирање на буџетскиот дефицит откако во изминатата деценија се доближи до нивоа што се долгорочно неодржливи....

- ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ , пишуваме за средбата со првите луѓе на компанијата ДАНИЕЛ РУХТИ , швајцарска инвестиција, која произведува високо квалитетни, енергетско ефикасни ПВЦ и дрвени прозорци и врати 100% извозно ориентирани. Рангирана на 55то место од листата Топ 100 извозници. Во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА (компанија која е меѓу првите пет најголеми работодавачи и извозници во државата), позната како трендсетер во начинот на раководење, управувањето со човечките ресурси, односот кон животната средина, организирање на многубројни хуманитарни акции, учество во проектот за дуално образование, стипендирање на студенти, поддршка за спортот, како и во другите сфери од животот.

И во двете компании заеднички проблем недостигот на стручен кадар, но и соодветен број кадри согласно потребите.

“КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ беше главен иницијатор за поднесувањето на Иницијативата на Советот на странски инвеститори до Владата на РСМ за изработка на заедничка стратегија за справување со појавата на масовна миграција на работоспособното население и обезбедување квалификуван кадар согласно потребите на бизнисот.

- Вести од нашите КОМПАНИИ членки, THE BANKER по десетти пат ја награди НЛБ БАНКА ЗА „НАЈДОБРА БАНКА ЗА 2019 ГОДИНА”

- Едукативниот центар ја постави програмата за семинари, работилници, обуки за последниот месец од годината.....

Веб порталот на Стопанска комора на Македонија е вашиот прозорец кон Бизнисот. Огледало на сите стопански и економски случувања.