ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА

   

👁 Прочитано: 438


ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА

Техникал Текстајлс е германска компанија основана во Словачка во 1995 година.Компанијата Техникал Текстајлс во Република Северна Македонија  е формирана во 2014 година и произведува фиберглас мрежа за изолациони системи и фасади,како и градежни додатоци (ПВЦ, алуминиум или армирано мрежести агли, фиберглас ленти или дилатациони профили од различни видови).

На средбата со генералниот менаџер на компанијата, Гоце Гацов, претставниците од Стопанската комора на Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, Перо Авакумовски и Моника Стоичева, разговараа за тековните активности и можностите за натамошен развој. На средбата, г-дин Гоце Гацов посочи дека немаат отворени прашања или проблеми во работењето, но очекувањата на странските инвеститори во земјава се насочени кон организиран пристап на државата во натамошната грижа за постојните инвеститори од страна на едно оперативно тело, намалување на административните бариери и поефикасна комуникација со надлежните институции за потребните барања на компаниите, а сето тоа во насока на непречено одвивање на оперативните активности на бизнисот и создавање подобра бизнис-клима во државата. Можноста за соработка со домашните компании е секогаш отворена, како што беше посочено на средбата, но набавката на репроматеријали од странство најчесто е резултат на самиот факт што во земјава не се произведуваат такви производи кои тие ги користат како суровина во производството, или пак се произведуваат во помал обем или со пониско ниво на квалитет во однос на нивните потреби и стандарди за производство. 

ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА
АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ  АКТИВА ШТИП – ПРИМЕР ЗА СОРАБОТКА НА ДОМАШНА КОМПАНИЈА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Техникал Текстајлс произведува во согласност со барањата на своите клиенти, а нивниот  традиционален квалитет на производство ги исполнува највисоките европски стандарди за квалитет, за што се и меѓународно сертифицирани. Флексибилноста во производството е нивната главна предност, бидејќи се во можност при производството да ги почитуваат поединечните барања на нивните клиенти.

Производствениот капацитет во Република Северна Македонија е опремен со најсовремена опрема и машински парк за обработка и има капацитет за целосно исполнување на новоотворените пазари. Техникал Текстајлс моментно вработува околу 150 лица од регионот. Годишното производство на фиберглас мрежи изнесува 50 милиони метри квадратни, производствениот капацитет за ваков вид производи е втор по големина во Европа.

Техникал Текстајлс Македонија ги извезува своите производи на европскиот пазар, но и на Блискиот Исток и во Северна Америка.

Текникал Текстајлс е членка на Стопанската комора на Македонија и учествувува во работата на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странски инвеститори при Комората.

ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА ОРГАНИЗИРАН ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ПРИСТАП ЗА ПОСТОЈНИТЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ДРЖАВАТА

Д-р Елена Милевска Штрбевска