Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
08.11.2019 👁 Прочитано: 345

ПЛАНИРАН РАСТ НА МАКДИА ВО СОРАБОТКА СО ДОМАШНИ КОМПАНИИ


Претприемачките активности на г-дин Диего Мосна, претседател на Диатек Групацијата, започнале во почетокот на 70’ години со формирање на првата компанија во Милано.

Со текот на годините активноста во претприемаштвото станува поинтензивна на интернационално ниво со проиводство и трговија помеѓу компании во Италија, Франција, Македонија и Португалија.

Искуството стекнато низ годините како и специфичните знаења стекнати со континуирана посветеност во работата,направија Диатек Групацијата  да стане една од лидерските компании на пазарот. Производите покриваат голем дел од конкретни пазари и истите се распространети низ цела Јужна Европа, Мароко, Израел, Португалија, Полска, со тенденции за понатамошно проширување.

Една од компаниите на италијанската групација ДИАТЕК е компанијата Макдиа формирана во 2015 година со седиште во Технолошко индустриска развојна зона Бунарџик, како инвестиција вредна 5.000.000 евра. Идејата за отворање на компанија во Македонија поттикнала од неговата сопруга, г-ѓа Мирјана Ранчанов, Македонка која живее во Италија. Г-ѓа Мирјана Ранчанов, како директор на Макдиа, со својата посветеност во работата создаде успешна компанија во Македонија, која е препознатлива по производите кои ги произведуваат - преработка на хартија и производство на најлон фолија која што се користи во текстилната индустрија. Успешното раководење на директорката Ранчанов и препознатливиот квалитет, доведоа и до зголемување на побарувачката, првенствено од балканските земји, поради што МАКДИА го проширува капацитет во склоп на фабриката со нов објект кој ќе биде официјално отворен до крајот на оваа година.

- Мојата намера е да ја развивам компанијата, за што имам целосна поддршка и од претседателот Диего Мосна, но истовремено и да соработувам со домашни компании. Така, отпочнувам соработка со компанија од Македонија од каде ќе набавувам суровини за преработка на хартија, а, веќе набавувам делови (капаци) за ролните за хартијата и фолијата од домашен производител - посочи директорката Мирјана Ранчанов во дискусијата со претставниците на Стопанската комора на Македонија, кои беа во работна посета на компанијата.

Диатек Групацијата се карактеризира како тимска компанија која претставува основа за успешност и во спортски тим. Од тука е и поврзаноста на Диатек холдингот со одбојкарскиот клуб Trentino Volley, кој што има постигнато четири италјански шампионати, четири светски купови, три титули во лигата на шамипиони како и освоени три купови на лигата во Италија со кој што Трентино завзема важно место помеѓу најуспешните одбојкарски клубови во светот.

 

Љупка Илиевска Самарџиска