ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
11.09.2019 👁 Прочитано: 491

ИНОВАТИВНАТА ТРАНСПОРТНА ТЕХНОЛОГИЈА (SKY WAY) ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД КОМПАНИИТЕ


Во присуство на претставници од бизнис секторот, во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на иновативната транспортна технологија SkyWay преку која стопанствениците имаа прилика подетално да се запознаат со SkyWay - технологијата и да ги согледаат потенцијалите и можностите за нејзина примена во нашата држава. SkyWay - технологијата е современа технологија која од неодамна се пробива на градежниот пазар и овозможува развој на систем за секаков вид надземен транспорт со иновативен дизајн и намалување на потрошувачката за материјали и трошоци за реализација.

М-р Кирил Кокалевски, консултант на „SkyWay Capital“, говореше за современата технологија со која располага компанијата и предностите од нејзината примена во споредба со досегашните видови транспорт од аспект на заштедата на финансиски средства, време и практична имплементација, тековните проекти на компанијата „SkyWay Capital“ ширум светот и фазите во кои е предвидено да се имплементира и развива овој вид технологија.

Учество во презентацијата земаа и Балинт Варга, регионален лидер, раководител и експерт во компанијата „SkyWay Capital“ и Кристијан Спариосу, регионален лидер и експерт, од чие излагање присутните беа запознаени со можностите за  лично или компаниско „crowdfunding“ инвестирање во основачкиот капитал на компанијата, со посебни поволни бизнис услови за инвестирање во проекти поврзани со SkyWay - технологијата ширум светот и во нашата држава, можностите за отпочнување бизнис соработка за реализација на капитални инвестиции, како и можноста за стручна посета за презентирање и пробно користење на SkyWay - технологијата.

ИНОВАТИВНАТА ТРАНСПОРТНА ТЕХНОЛОГИЈА (SKY WAY) ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД КОМПАНИИТЕ

Во моментот, компанијата „SkyWay Capital“ како една од петте најголеми транспортно градежни компании во светот, располага со „smart“ технологија проценета на вредност од 400 милијарди САД долари, преку 800 високо квалификувани инженери и 600 дизајнери, производни капацитети, административно деловни објекти и еко технолошки паркови.

м-р Нена Николовска

ИНОВАТИВНАТА ТРАНСПОРТНА ТЕХНОЛОГИЈА (SKY WAY) ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД КОМПАНИИТЕ
ИНОВАТИВНАТА ТРАНСПОРТНА ТЕХНОЛОГИЈА (SKY WAY) ПРЕЗЕНТИРАНА ПРЕД КОМПАНИИТЕ