ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
29.08.2019 👁 Прочитано: 594

Србија ќе мора да го раскине договорот за слободна трговија со ...


Европската Комисија и испрати јасна порака на Србија дека најаваниот договор за слободна трговија со Евроазиската унија ќе мора да биде раскинат кога земјата ќе стане членка на ЕУ.

„Србија може да влегува во трговски договори со други држави или организации пред влезот во ЕИ. Меѓутоа, воконтект на преговорите за пристапување, Србија се обврза дека ќе се повлече од сите билатерални договори за трговија на денот на влез во ЕУ”, се вели во соопштението од Европската комисија, во кое се потенцира дека оваа излезна одредба треба да биде ставена и во тексот на договорот за слободна трговија со Евроазиската унија кој се планира да биде потпишан во октомври годинава.

Србија од 2000 година има договор за слободна трговија со Русија, а договорот за слободна трговија со Евроазиската унија кој се договараше околу две години ќе се однесува на бесцаринско тргување со сите пет земји ленки на Унијата.
Од Европската Комисија потенцираат дека ова и било соопштено на Србија еден ден откако рускиот амбасадор во земјата објави дека потпшишувањето на договорот се планира да се случи на 25 октомври во рускиот град Сочи.

Преземено: http://izvoznici.mk/%d1%81%d1%80%d0%b1%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d1%9c%d0%b5-%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%80%d0%b0%d1%81%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82/#.XWemfHuxWUm

Србија ќе мора да го раскине договорот за слободна трговија со ...