ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Фељтон: ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
01.07.2019 👁 Прочитано: 1049

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ – трет дел


Субвенциите не го постигнаа посакуваниот ефектВаско Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

 

 

Продолжуваме со презентирање на делови од материјалот за „Идните насоки за развој на агросекторот“, изработен од страна на стручната служба на Комората (кој беше разгледан и на седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија), согласно кој фокусот се става на неколку сегменти, лоцирајќи ги слабостите на досегашната аграрна политика.

Изминатите три недели дадовме општ осврт на проблемот и се фокусиравме на неколку целини:

* Зачувување на диверзитетот на растителни генетски ресурси;
* Агроеколошки мерки;
* Советодавни служби во земјоделството;
* Рурален развој - Проект „Smart villages“;
* Традиционални земјоделски производи;
* Земјоделско земјиште;
* Подобрување на пазарните механизми за продажба на земјоделски производи;
* Зајакнување на свеста за заштитените ознаки за потекло, заштитените географски ознаки и загарантирани традиционални специјалитети.

Продолжуваме со последните делови со кои ги заокружуваме сите потенцијални прашања за кои сметаме дека треба да бидат основ за креирање предлог-мерки и активности во насока на идниот развој на агросекторот...

Системски и програмски подобрувања во областа на фитосанитарната политика

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТПримарна цел на фитосанитарната политика е здравствена заштита на растенија, растителни производи и други производи од штетни организми за растенијата.

Приоритет: За да се спречи ширење на штетни организми за растенијата, нивно откривање и утврдување, обезбедување оптимално производство, потребно е одобрување на производи регистрирани за заштита на растенијата, чија употреба не претставува неприфатлив ризик за здравјето на луѓето, животните и животната средина, правилна примена на производите за заштита на растенијата, намалување на ризикот по здравјето на луѓето, животните и животната средина поврзани со употребата на пестициди, како и поттикнување интегрирани и алтернативни мерки за борба против штетните организми, заштита на животната средина од ефектите на штетните растителни организми, воведување биолошка заштита на растенијата, овозможувајќи едукација и подигање на свеста на населението за важноста на правилната заштита на здравјето на растенијата.

Со цел да се спречи колапсот на земјоделските култури и родот и да се гарантира конкурентност на производството на доволни количини висококвалитетна здравa храна со висок квалитет, Република Северна Македонија треба целосно да се посвети на спроведување на Националната политика за здравје на растенијата чија цел е заштита на растенијата од штетни организми, заштита на здравјето на луѓето, животните и на животната средина. Доколку истата не се применува исправно, може да предизвика штета, намалување на приносите, присуство на резидуи во храната над максимално дозволеното ниво, а нивната употреба може да има негативни ефекти врз здравјето на луѓето, животните и животната средина во целост.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТСо Националната програма за зачувување и одржливо користење на растителни генетски ресурси за храна и земјоделство мора да се дефинираат стратешките насоки за развој на Националната политика за заштита на растителни генетски ресурси, како и упатства за регионална и меѓународна соработка. Заштитата на растителните генетски ресурси е долгорочен процес, па затоа е потребно да се обезбеди континуитет на овие активности, како и нивното финансирање.

Резултати: Ефикасно спроведување на Националната програма ќе се постигне ако сите важни растителни генетски ресурси во Република Северна Македонија бидат идентификувани, собрани, опишани и зачувани во збирките на Националната банка на гени на растенија и да бидат достапни за користење, а воедно државата подеднакво да учествува во меѓународни активности.

Ефикасно користење на средствата од Програмата за рурален развој

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТПриоритет: Со цел одржување на соодветно ниво на искористеност на средствата од Програмата за рурален развој, потребно е навремено подготвување, лансирање и спроведување на постапки за доделување грантови и финансиски инструменти и следење на спроведувањето на корисничко ниво со цел да се спречат активности кои ќе ги загрозат планирањето и спроведувањето активности за информирање (за можностите и условите за финансирање).

Рурален туризам

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТПриоритет: Развивање туристички аранжмани на база на размена на искуства со земји во кои земјоделството е значајна гранка (Кина, Германија, Италија...), а се различни од нашето поднебје и традиција, човеково секојдневие, храна, обичаи. Ова ќе поттикне идеи за подобрување на селскиот туризам и воопшто искористување на можностите кои ги нуди селската средина пошироко.

Резултати: Мотив повеќе за млади луѓе кои со мал иницијален капитал би можеле да започнат еден нов стил на живеење и одржливост на селската заедница. Промоција на селскиот туризам и поддршка од страна на туристичи агенции и наши промотори во странство, што би значело запознавање на светот со она што се` уште не е искористено, отворање на вратите за нови можности за промоција на државата и пред сè економски бенефит на локалното население.

Органски производи

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Органското производство значи примена и комбинирање на одржливи практики за рационално искористување на природните ресурси и да се гарантира опстанок на природната средина.

Приоритет: Македонија до денес може да се пофали со над 600 органски фарми (дел серифицирани, дел во процес на конверзија) од растително и анимално производство, кои функционираат преку обезбедување безбедни, чисти, еколошки методи за производство и се препознатливи на домашниот и на странскиот пазар по својот квалитет. Проблемот е во лимитирачкиот фактор – количините, непостојаноста во константна понуда и задоволување на побарувачката што е голем недостаток.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Резултат: Токму затоа, само кооперативни врски меѓу органските производители може да го надмине овој недостаток. Друг позитивен ефект може да се постигне со ексклузивност на производите (иако мали по квантитет, препознатливи и барани од одредена катергорија на корисници). Ова е единствениот начин органските производители да опстојат и да бидат самоодржливи, а производот да се стекне со епитетот традиционален, уникатен, незаменлив, висококвалитетен. Решението е повторно во промоција на можностите за ваков еден бизнис, предизвиците и секако ризиците кои државата би тербало да ги предвиди до колку сака да вложи во нови квалитетни македонски производи.

„Hi’teh“ во земјоделството

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Приоритет: Денешното земјоделство е на високо ниво, за жал, освен кај нас. Во Македонија е неопходно да се изградат сериозни капацитети за складирање на родот, т.н. модерни ладилници со т.н. ULO (Ultra Low Oxygen) атмосфера, кои гарантираат до 18 месеци здрав производ. Ваквите инвестиции се долгорочно исплатливи, безбедни и обезбедуваат стандарден производ. Со нивно користење се обезбедува целосно следење на температурата, релативната влажност во комората, мерење и анализа во одреден период и можност за алармирање до колку има потреба од корегирање на вредности на некоја од мерните точки. Следењето, контролата и складирањето на податоците се врши компјутерски, со минимален учинок на факторот човек. Контролата на системите за управување со производството на растенија во затворен простор исто така денес е сведена на минимум човечка рака, заради можностите да се следат амбиенталните услови и потребите на растенијата за храна, вода, воздух преку мониторинг системи.

Резултати: Се` поголемиот влез на ИТ во земјоделскиот сектор веќе направи робот-автомтизирани машини за обработка на почвата, прибирање на родот, негово селектирање и доработка во процесите после бербата, соодветно за различни видови култури. Ова значи дека се обезбедува исклучително висок стандард во земјоделското производство, преработката и доработката на производот и добивање висок квалитет. Со автоматизираните системи за наводнување, денес беспрекорно се врши фертиригација, заштита од болести, штетници, мраз и др. непогоди на културите, а при тоа, човекот е само паметен набљудувач. До колку сакаме вистинска модернизација на земјоделството, време е да започнеме со инвестирање во оваа насока и да очекуваме високи резултати на секој план.

Одговорно производство и потрошувачка на храна со одредена цел за намалување на отпадот од храна на ниво на мало и на потрошувачите и намалување на загубите на храна во целиот синџир на производство и снабдување

Прашањето за превенција и намалување на отпадот од храна има политичка, етичка, социјална, финансиска и еколошка димензија. На Светската конференција на ОН беше усвоена Агендата 2030 година за одржлив развој со која се даваат насоки за одговорно производство и потрошувачка со одредена цел за намалување на отпадот од храна по глава на жител и намалување на загубите на храна по должината на целиот синџир на производство и снабдување.

Европската унија е посветена на исполнување на горенаведените цели и за спречување и намалување на отпадот од храна во листата на приоритети на Европската комисија, бидејќи тоа е исто така еден од предусловите за подобрување на ефикасноста на користењето на ресурсите и создавање на кружна економија, што ќе доведе до економски раст и создавање работни места и во исто време да ги намали емисиите на стакленички гасови и зависноста од ЕУ од увезените суровини.

Приоритет: Според проценките, околу 200.000 тони храна во Република Северна Македонија завршува како отпад. Затоа, неопходно е сериозно справување со овој национален, но исто така и глобален проблем и да се создаде јасна и пред се` ефективна политика за справување со неа. Политиката за превенција на отпадот од храна треба да го покрие целиот синџир на исхрана, од поле до маса.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ

Одговорноста е поделена помеѓу сите чинители во системот на примарните производители, индустријата, туристичкиот сектор, министерствата и на потрошувачите и треба проактивен пристап од сите засегнати страни со цел да се постигнат поставените цели и активности. Како резултат на губење на храна доаѓа до одредени несакани појави од етички, економски и еколошки причини.

Резултати: Целта на планот е да ги идентификува клучните мерки за спречување на формирањето на отпадот од храна во целиот тој синџир и намалување на отпадот од храна. Активностите треба да бидат насочени кон зајакнување на свеста на сите засегнати страни, промовирање на општествената одговорност на прехранбениот сектор, подобрување на системот за испорака на храна и подобрување на системот за мерење и следење на количината на отпадот од храна.

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ – трет дел