ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Од компаниите
15.08.2019 👁 Прочитано: 194

РЕК „ОСЛОМЕЈ“ ЌЕ РАБОТИ ПОВЕЌЕ ЗА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА


Планот на АД ЕСМ е РЕК „Осломеј“ во иднина да работи со поголем интензитет од претходно. Ова денеска го најави генералниот директор и претседател на Управниот одбор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој престојуваше во работна посета на РЕК „Осломеј“ – Кичево.

– Ќе се работи скромно, со постоечките ресурси и без непотребни трошоци, но ќе се спроведат сите набавки кои се неоходни за работниот и производниот процес за да нема никаков застој – рече Ковачевски.

Ковачевски упати на поголема соработка меѓу РЕК „Осломеј“ и РЕК „Битола“ и на заемно искористување на заедничките капацитети на знаење и техничка логистика во рамките на АД ЕСМ.

Ковачевски се сретна и со претседателот на синдикатот на РЕК „Осломеј“.

Превземено од: ПлусИнфо.мк
https://plusinfo.mk/

 

РЕК „ОСЛОМЕЈ“ ЌЕ РАБОТИ ПОВЕЌЕ ЗА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА