ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ РЕПУБЛИКА СРБИЈА
15.08.2019

Донесен подзаконски акт врз основа на Законот за ветеринарното здравство („Службен весник на РСМ“ бр. 167 од 12 август 2019 година):


 Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе

- РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УВОЗ И ТРАНЗИТ НА ЖИВИ ЖИВОТНИ, ПРОИЗВОДИ И НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ЗАРАДИ ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ НА ВИРУСОТ НА АФРИКАНСКА СВИНСКА ЧУМА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОИ ПОТЕКНУВААТ ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА И ТРАНЗИТИРААТ НИЗ РЕПУБЛИКА СРБИЈА

 Со ова решение заради заштита од внесување на вирусот на африканска свинска чума се забранува увоз и транзит во Република Северна Македонија на:
 
1. Живи животни кои потекнуваат од Република Србија и кои транзитираат низ Република Србија.  Оваа забрана се применува на пратки со домашни и диви свињи.
и
2. Производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат од Република Србија. Оваа забрана се применува на следните пратки:
- семе за вештачко осеменување, јајце клетки и ембриони од свињи,
- свинско месо,
- производи од свинско месо,
- преработки од свинско месо,
- мешовити производи кои содржат свинско месо,
- други производи кои содржат производи од свињи и
- нуспроизводи и деривати на нуспроизводи од свињи.
 
 Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје