„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ
👁 Прочитано: 4218



„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

Компанијата „МИК“ - Свети Николе, на настан на којшто учествуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, како и градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, го официјализираше завршувањето на инвестицискиот циклус, во вкупна вредност од 1 милион евра, кој за компанијата отвора нови можности и перспективи во идното работење.

Инсталирана е  фотоволтаична централа со ангажирана моќност од 610 kw, од 2.160 панели кои се поставени на постојната кровна површина на објектот. Реализирани се градежни активности, набавка на опрема, монтирање на изолациона мрежа и опрема, замена на 90% од разладните уреди со нови енергетски поефикасни и штедливи уреди за комплетниот капацитет на комори и разладни простории на „МИК“ - Свети Николе од над 10.000 м2.

Со реализираните активности е постигнато подобрување на енергетската ефикасност и намалување на јаглеродниот ефект, но и се исполнети критериумите за добивање на европски извознички број, што е првиот чекор во усогласување со европските услови на стопанисување и исполнување на критериумите (безбедносни, еколошки, царински) за влез и настап на пазарите во земјите на Европската унија.

„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ- Постојаното инвестирање е клучна движечка сила за раст на еден бизнис и мене особено ме радува што денес сме сведоци дека инвестициските активности во „МИК“ - Свети Николе не престанаа дури ни во време на здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот КОВИД-19, со која се соочуваме последните два месеца. Како компанија која веќе 60 години успешно работи, „МИК“ - Свети Николе се покажа како вистински позитивен пример за македонското стопанство, дека единствено континуираното вложување во подобрување на производните процеси и модернизирањето на опремата, може да биде патот кон излез од оваа криза, - истакна претседателот Азески.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство посочи дека во тек се активностите за финализирање на постапката за добивање на европски извознички број на компанијата „МИК“ - Свети Никол“, а реализираната инвестиција на  компанијата е потврда за нивната определба за постојано вложување во човечките ресурси, техничко-технолошките капацитети, еколошките стандарди и континуирано усогласување со законските барања за безбедност на храна, на регионално, но и на европско ниво.

-Компанијата посветено работи на исполнување на највисоките стандарди обезбедувајќи соодветен квалитет за потрошувачите, а добивањето на европски извозен број ќе отвори нови перспективи во работењето на компанијата, - посочи Влатко Ѓорѓиевски, сопственик на „МИК“ - Свети Николе.

„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ- Македонската индустрија за преработка на месо има квалитет, капацитети и потенцијали за пошироко освојување на европските пазари. Како предуслов за поголема конкурентност на домашните производи од индустријата за преработка на месо послужија мерките за воведување квоти за укинување на царинските давачки за увоз на замрзнато свинско месо. Мерката, која беше неколку пати продолжувана, доведе до раст на производството од 20,27% во однос на 2017 година. Приближно толку, односно 19,95% изнесува растот на производството на преработки од свинско месо во 2019 година во однос на 2018 година. Оваа констатација се потврдува со фактот дека во 2018 година кога се воведени автономни мерки за безцарински увоз на замрзнато свинско месо, компаниите остварија зголемување на обемот на производството. Како резултат на донесената мерка, компаниите бележат раст од 12,80% во однос на 2014 година на вкупниот број вработени. Истовремено, потребата од нови вработувања е тесно поврзана со зголемувањето на обемот на работа, при што овие компании уште во текот на 2019 година имаат зголемен број на огласи за нови вработувања. Производителите од овој сектор остануваат на барањето за целосно укинување на царините. Со тоа се отвораат големи можности за развој на секторот и раст на извозот, што е главна цел кон која треба да се движи македонското стопанство, посочи Гоце Трајчев, управител на „МИК“ - Свети Николе и претседател на Групацијата на производители на месо и преработки од месо во рамките на Стопанската комора на Македонија.

Основана во 1960 година, „МИК“ - Свети Николе е една од водечките компании кои се брендирани македонски производители на месо, со разновидна база на потрошувачи и широк асортиман на производи од месо, кој вклучува трајни и полутрајни месни преработки, свежо месо и конзервирани месни производи.

„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ„МИК“ - СВЕТИ НИКОЛЕ – ИНВЕСТИЦИИ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ СТАНДАРДИ И ВЛЕЗ НА ЕВРОПСКИТЕ ПАЗАРИ

Служба за информирање при Комората