Знаењето без пракса е некорисно, а праксата без знаење е опасна

   

👁 Прочитано: 538


Знаењето без пракса е некорисно, а праксата без знаење е опасна

Знаењето без пракса е некорисно, а праксата без знаење е опасна.
Конфуциј

Во 2019 година преку Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија реализиравме над 100 едукативни настани, со околу 2.500 учесници, со фокус на измената на законската регулатива и „soft skills“ како надградба на меките вештини на вработените.

За континуиран развој, подобро позиционирање на домашниот пазар, трка со конкуренцијата на глобалниот, компаниите имаат потреба од континуирано учење, за што Центарот за едукација при Комората ангажира потврдени професионални обучувачи и презентери кои акцентот го ставаат на практична обука и студија на случај.

Во насока да ја доближиме нашата комуникација до Вас, преку посебна рубрика на веб-порталот на Комората, континуирано ќе Ви ги пренесуваме искуствата и ефектите од реализираните обуки преку Центарот за едукација и развој при Комората измината недела.

Mihajlo donev 
Михајло Донев, Стопанска комора на Македонија

Изминатата недела (20-24.01.2020 година) ја одбележаа четири едукативни настани, а посетеноста на истите говори за реалното согледување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите во тековното работење.

1.

„Инкотермс 2020 – разбирање и правилна примена на правилата“ беше наменет за компаниите кои се вклучени во меѓународната трговија. Овие меѓународно прифатени термини во трговијата ја олеснуваат деловната соработка, па оттука правилната примена на Инкотермс - клаузулите придонесува за намалување на недоразбирањето помеѓу деловните партнери, градејќи професионализам и унапредување на деловните односи.

2.

За правилно планирање на маркетингот, таргетирањето на купувачите и продажните активности, компаниите имаа можност да научат нешто повеќе на семинарот: „Дефинирање на потребите на потрошувачите и потрага по нови клиенти“. Преку работа на конкретни примери менаџерите за продажба беа поттикнати да размислуваат од аспект на клиентот и на тој начин да осознаат што клиентот бара и вградување на тие аспекти во производот, односно услугата како би обезбедиле задоволни клиенти и подобро пазарно позиционирање.

3.

Брзото и ефикасно креирање на табеларни прегледи, обработката на податоци и нивната визуелизација несомнено се вештини кои треба да ги поседува секој поединец чија работа вклучува донесување на деловни одлуки. За таа цел беше организиран дводневниот семинар: „Канцелариско работење (формули, функции и пивот-табели) и аналитика со Dashboard во Excel 2016“ кој даде одговор и на прашањето како максимално да се искористат информациите и да се креираат податоци корисни за различни групи на интересенти (менаџери, клучни клиенти и сл.).

4.

Законските регулативи од областа на безбедноста и здравјето при работа наложуваат постојано следење и едукација на лицата задолжени за безбедност на работното место. Комората континуирано организира едукативни настани со цел навремено информирање на стручните лица како би спречиле негативни ефекти од непосакувани настани. За таа цел беше одржан семинарот: „Управување со физички штетности“ каде стручните лица се стекнаа со 10 бода според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа.

Што следува....

... Семинарите што ќе се реализираат оваа недела ќе дадат одговор на различни таргет групи за прашања кои се однесуваат на нивното работење, со цел градење квалитетен кадар во нашите компании.

Михајло Донев