ИЗВЕСТУВАЊЕ

   

ОГЛАС / 12.12.2019
👁 Прочитано: 2474


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Ве информираме дека согласно донесените Одлуки на Владата на Република Србија, од 21.11.2019 година и 04.12.2019 година, направена е промена на распоредот на работното време на српските фитосанитарни и ветеринарни инспекциски служби на граничните премини Прешево (кон Република Северна Македонија) и Хоргош (кон Унгарија).

Имено, согласно новиот распоред на работното време, инспекциските служби ќе ги извршуваат своите работни должности 24 часа, 365 дена во годината, со работно време од 00:00-24:00.

Со оваа измена, којашто потекнува од заедничката иницијатива за креирање на мал шенген,  ќе бидат надминати досегашните потешкотии со коишто се соочуваат извозните компании и значително ќе се подобри протокот на стоки во регионот на Западен Балкан.

Со почит,
Стопанска комора на Македонија