АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ - КУМАНОВО

   

👁 Прочитано: 2473


АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО

Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија  и м-р Анета Димовска  одговорна за анализи и истражувања на стопанскиот систем и економската политика во Комората, остварија посета на производствените капацитети во фабриката Модеур Шус во Куманово. Оваа фабрика која е сместена во простории на фабриката РЕЏИА ДОО Куманово во сопственост на Џино Гуацини и Ренцо Форментини (поранешната фабрика „Чик“- Куманово) е одраз на традицијата во производството на чевли и модерните потреби на потрошувачите како на домашниот македонски пазар, така и на пазарите во повеќе европски држави. Квалитетот на производите е гаранција за успехот на компанијата, за што сведочи реализираниот обем на извоз во 2018 година, од речиси 5,2 милиони евра.

Во рамки на работната посета, претставниците на Комората се сретнаа со г-ѓа Слаџана Лазаревска, долгогодишен генерален директор во Модеур Шус во Куманово, која ги презентираше сите фази од производствениот процес на висококвалитетните обувки. Од страна на г-ѓа Лазаревска посочено беше дека во оваа компанија е вградено над шеесетгодишното работно искуство на нејзиниот италијански сопствени г-н Џино Гуацини, кој започнал да работи во фабрика за обувки  во 1956 година, а чие богатство од знаење, во комбинација со посветеноста и искуството на вработените во компанијата денес им дава на обувките произведени во Модеур Шус гаранција за висок квалитет. Покрај нарачките за странски партнери, во компанијата Реџиа ДОО се произведува и сопствен бренд на обувки - „Џино Кори“, кои се изработени во италијански дизајн и со материјали донесени директно од Италија. Покрај компанијата Модеур Шус во самата фабрика Реџиа работи и  фабриката Коримпекс Шус која работи за извоз на готови детски обувки и исто така има сопствен бренд на обувки  Џино Кори кои се изработени во италијански дизајн и со материјали директно од Италија. Производството на обувки освен во просториите на Реџиа се произведуваат обувки за познатиот бренд ВАЛЕНТИНО  во фабриката Коримпекс Скопје, .  Оваа компанија е присутна на најголемите светски саеми за обувки, на кои ги презентира сопствените производи.

На работниот состанок се дискутираа и одредени прашања поврзани со потенцијалот за развој на чевларската индустрија во Македонија, како и за одредени прашања кои претставуваат ограничувачки фактор во развојот на истата.

Имено, од страна на генералниот директор г-ѓа Слаџана Лазаревска посочено беше дека постои заострена конкуренција во овој сектор од околните земји, со особен акцент на конкуренцијата која во последните години доаѓа од Албанија, што наметнува потреба од системски пристап и државна поддршка за  опстојување и развој на чевларската индустрија во Македонија. Покрај изразеното задоволство од постапувањето и соработката со одредени органи на државната управа – Царинската управа, Лазаревска посочи дека е неопходна поголема меѓусебна доверба и соработка со други органи. Како сериозен проблем со кој се соочува компанијата го посочи недостигот од млад квалификуван кадар (дизајнери, кројачи и сл.) од една, како и со ограничувањата во регулативата кои се пречка за ангажирање на пензионирани работници на одредени дефицитарни работни места кои се клучни за дејноста од друга. Старосната структура на вработените не овозможува долгорочно планирање, а недостигот на репроматеријали од домашно производство, како и недостигот на директна државна поддршка на секторот претставуваат допонителни ограничувачки фактори за развој на оваа индустрија.

АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО АПЕЛ ЗА ПОДДРШКА НА ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ОД „МОДЕУР ШУС“ -  КУМАНОВО

Од страна на претставниците на Комората беа потенцирани приоритетите на Комората за следниот период и подготвеноста за координирње на активностите за презентирање на  барањата пред надлежните институции, како и за поинтензивна идна соработка со долгогодишната членка на Стопанската комора на Македонија- Модеур Шус.

м-р Анета Димовска