И ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ДИРЕКТНО ЌЕ ГИ ПРОДАВААТ ВАУЧЕРИТЕ ЗА ТУРИЗАМ
➢ Актуелно (05.08.2020)
👁 Прочитано: 1544



И ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ ДИРЕКТНО ЌЕ ГИ ПРОДАВААТ ВАУЧЕРИТЕ ЗА ТУРИЗАМ

Ваучерите за категоријата граѓани со ниски примања ќе може да ги продаваат директно од прва рака и туристичките агенции. За таа цел од денеска до 10 август 2020 година туристичките агенции ќе мора да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“, соопштуваат од Министерството за економија.

Пристап имаат сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам. На тој начин, граѓаните кои добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети ќе можат да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции кои ќе се регистрираат на платформата.

-Согласно Уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба,

Во таа насока, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамки на нивните понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството преку платформата domasiedoma.gov.mk. За таа цел туристичките агенции ќе треба да се регистрираат на платформата domasiedoma.gov.mk (линк за пријавување https://domasiedoma.gov.mk/register-form/) со цел добивање пристап во платформата заклучно со 10 август 2020, наведува Министерството.

За да исполнуваат услови за пристап до платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од Министерството за економија и да ја прикачат на платформата.

Агенциите кои претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца) автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

-Туристичките агенции во рамки на понудите можат да понудат сместување, а и да вклучат дополнителни услуги како превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки. При реализација на ваучерот преку туристичка агенција, агенциите треба да имаат склучени договори со објектите за сместување (категоризирани). Туристичката агенција треба да води евиденција за секој корисник на ваучер и тоа име и презиме на носителот на ваучерот, термин кога се користи ваучерите и назив на објектот во кој ваучерот ќе се користи. Доколку туристичката агенција нуди аранжмани, во договорот за аранжман треба да стои име и презиме на носителот на ваучерот, термин и времето кога истиот ќе се користи и во кој објект, објаснува Министерството.

Туристичките агенции до Министерство за економија ќе достават фактура за плаќање на искористените ваучери за туризам со прилог (листа со кодовите од ваучерот за туризам и име и презиме на носителот на ваучерот, име на објектот каде лицето престојувало и договори со угостителските објекти и објектите за сместување каде се искористени ваучерите). Со оваа можност, освен на туристичките агенции, Министерството им излегува во пресрет и на граѓаните кои имаат ваучери за туризам за да може да го искористат за повеќе услуги преку туристички агенции како што е превоз до туристичките места.

Од почетокот на мерката ваучери за домашен туризам, за 20 дена, искористени се над 8.400 ваучери. Последниот рок до кога граѓаните ќе може да ги искористат ваучерите е 15 декември 2020 година. Корисници на оваа мерка се вработени лица со низок доход заради плаќање искористена туристичка и угостителска услуга на сместување или услуга на сместување и исхрана во категоризирани угостителски објекти за сместување и преку даватели на туристички услуги, регистрирани вршители на туристичка дејност.

 

 

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија