Извештајот на Меѓународната организација на трудот (ILO), покажува дека добивката од работа е намалена за 10,7 %
👁 Прочитано: 672



Извештајот на Меѓународната организација на трудот (ILO), покажува дека добивката од работа е намалена за 10,7 %

Добивката од работа во услови на пандемија во првите девет месеци на годишно ниво во светот е намалена за 10,7%, односно за 3.500 милијарди американски долари, објави во средата Меѓународната организација на трудот во најновиот извештај.

Во износот не е вклучена поддршката за плати со која владите ги компензираа загубите на работниците поради затворање на бизнисот во услови на пандемија, а одговара 5,5% од  глобалниот бруто домашен производ во периодот од јануари до септември 2019 година, објавија од Меѓународната организација на трудот.

Работниците, особено оние кои се вработени на црно, се значително погодени отколку во претходните кризи, објави Агенцијата на Обединетите нации. Последиците од невработеноста, посебно се афектираа на жените отколку на мажите работници.

Во второто тромесечите изгубени се 17,3 % работни часови, што одговара на 495 милиони работни места со полно работно време, пресметале од ILO. Во претходниот извештај пресметано е дека се изгубени 14% од работните часови, односно 400 милиони работни места.

Во третиот квартал се очекуваат 12,1 % изгубени работни часови, што одговара на 345 милиони работни места. Губењето на работни часови во последниот квартал од 2020 година, според најновите проценки, ќе изнесува 8,6% што е еднакво на 245 милиони работни места со полно работно време, наспроти до сега проценетите 4,9 %, односно 140 милиони работни места.

Служба за информирање при Комората