ДНЕВНО ОБРАЌАЊЕ 01.4.2020 година

   

➤ АКТУЕЛНО (01.04.2020)
👁 Прочитано: 677


ДНЕВНО ОБРАЌАЊЕ 01.4.2020 година

Вчера Владата го објави вториот сет економски мерки. За да можат тие соодветно да се оценат, потребно е, најпрво да се видат пропратните уредби и објави во Службен весник во кои ќе бидат содржани сите конкретни детали за мерките. По донесување на овие уредби и нивното објавување во Службен весник, Стопанската комора на Македонија, ќе направи анкетирање на своите компании членки, исто како што беше случај и со првиот сет мерки, и тогаш ќе може да ги сумира оценките за новите економски мерки.

Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки.

* Јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат. 
* Понатаму, во услови на висок степен на неизвесност за тоа што носи иднината во поглед на рестартирањето на економијата и полнењето на буџетот на државата, нашата перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период. Тоа значи дека всушност се прави распоред на силите и на финансиските средства. 
* Ние претпоставуваме дека ова не е последниот сет на мерки и дека ќе следат нови штом државата обезбеди дополнителни финансиски средства по пат на позајмување. Всушност, тогаш и ќе можеме да ја согледаме целината на мерките и неа соодветно да ја оцениме. 
* Досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места.
* Ние очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки. Доколку тоа не се случи, тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор.
 

Одделение за информирање