Семинар / 29.11.2019

ВОСПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Стопанска комора на Македонија


   

Специјалистичка обука на тема:

ВОСПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО
ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
(HRMS-HUMAN RESOURCES MANAGEMENT SYSTEM)

29 ноември 2019 година
9:30- 15:30 часот
Стопанска коморa на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 29 ноември 2019 година, организира специјалистичка обука на тема: ВОСПОСТАВУВАЊЕ СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HRMS-HUMAN RESOURCES MANAGEMENT SYSTEM).

Цел на специјалистичката обука:
Целта на специјалистичката обука е пред се` да се развие свеста дека човечките ресурси, т.е. човекот не е најважен ресурс само на харитја или само за да се напише тоа на сајт, туку е во суштина најважен ресурс на секој процес во која било компанија. Затоа, на човечките ресурси не можеме да им пристапиме само како на позиција за кадровска евиденција, туку мораме исите стратешки да ги планираме, да ги обезбедиме, да управуваме со нивната работа, да ги развиеме итн.
Другата цел на специјалистичката обука е да се понудат насоки, упатства и добра пракса како во Вашата организација, која е засебно специфична, да воспоставите систем на управување со човечките ресурси (HRMS), и тоа адекватен за вашата бранша, организациска структура, специфични процеси и постојната корпоративна клима.

За кого е наменета специјалистичката обука?
Обуката е наменета за менаџери, раководители, тим лидери и вработени во човечки ресурси и во правен сектор, како и за менаџери од сите нивоа (топ, среден и линиски), сопственици на компании и останати вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.

Препорачливо е обуката да ја посетат сите вработени кои се вклучени во следниве организациски процеси:
- aнализа и планирање на структурните потреби за човечки ресурси (квантитативно и квалитативно);
- дефинирање на неопходните компетенции, знаења, вештини и потенцијали (когнитивни и конативни црти на личности) по работни места;
- регрутација и селекција;
- воведување на нововработени, менторство, социјализација и насочување во организациската структура;
- управување со корпоративната клима (мерење на задоволството на вработените, дефинирање на мотивациски модели, креирање на нова корпоративна клима);
- управување со потенцијалите на вработените (мерење и унапредување);
- мерење на компетенциите на вработените;
- управување со развојот на компетенциите на вработените преку групна и индивидуална работа;
- едукација на вработените од аспект на знаења, вештини, способности и компетенции;
- проценка на работната успешност (Performasnce Management System);
- развивање на системот на наградување;
- наградување и мотивирање;
- здравје и безбедност на работа;
- управување со кариерата (промоција, деградација, отпуштање).

ПРОГРАМА

1. АНАЛИЗА НА РАБОТАТА И ПЛАНИРАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ
   - Стратешко планирање на човечките ресурси;
   - Структура и опис на работното место;
   - Анализа на компетенции на вработените;
   - Анализа на потенцијалот на вработените (конгнитивно-конативен склоп).
             
2. РЕГРУТАЦИЈА И СЕЛЕКЦИЈА
   - Регрутација;
   - Селекција;
   - Дуален модел на образование.

3. СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА И НАСОЧУВАЊЕ; КОРПОРАТИВНА/ОРГАНИЗАЦИСКА КУЛТУРА
   - Прием на нововработени;
   - Работно воведување на нововработените;
   - Менторство;
   - Социјализација на нововработените;
   - Мерење на задоволството на вработените;
   - Корпоративна култура и корпоративна клима.

4. ЕДУКАЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПОТЕНЦИЈАЛИТЕ
   - Анализа на индивидуалните потенцијали (АИП);
   - Тематски работилници;
   - Група за потенцијално унапредување;
   - Индивидална работа за унпаредување со потенцијалите.

5. ОЦЕНУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ
   - Дефинирање на компетенциите;
   - Мерење на компетенциите - прашалник 360 степени;
   - Поставување на КПИ цели за секое работно место.

6. НАГРАДУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ
   - Мотивирачки модели;
   - Воспоставување систем на постојано подобрување;
   - Балансирање на професионалниот и личниот живот (Family-frendly concept).

7. УПРАВУВАЊЕ СО КАРИЕРАТА (ПРОМОВИРАЊЕ, ДЕГРАДАЦИЈА И ОТПУШТАЊЕ)
   - Промоција на вработените;
   - Деградација на вработените;
   - Отпуштање на вработените.

Предавач:
- Слободан Аќимовиќ, директор и водечки консултант во компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад. Петнаесетгодишно искуство на позиции директор во различни области („Mitros Music“ - Белград (увоз, дистрибуција и продажба на музички инструменти  и опрема), „ABC Proizvod“ - Ужице (производство на котли за централно греење), „Mobes Quality“ - Нови Сад (консултантска куќа); Lead auditor за ISO 9001, ISO 27001, проект-менаџер по PMI-методологија итн. Како директор на компанијата „TQM Konsalting“ од Нови Сад, од 2010 година раководи со тим на консултанти за имплементација на системи на менаџмент во организации во Србија, Црна Гора и БиХ.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
  - работен материјал;
  - ручeк и освежување;
  - сертификат за присуство на специјалистичката обука. 

Последен рок за пријавување: 22.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Инфо сесија, 17.12.2019
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: „НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ЗА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД‟
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Презентација, 19.12.2019
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НАЈМОДЕРНИ ИНОВАЦИИ ОД СВЕТОТ НА ЛОГИСТИКАТА И ТРАНСПОРТОТ
Тркалезна маса, 20.12.2019
ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА