ПРОГРАМА ЗА КАПИТАЛНИ СУБВЕНЦИИ ЗА РАЗВОЈ НА ПЛАНСКИ РЕГИОНИ ВО ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА 2020 ГОДИНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 27 ОД 6 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 29 став (1) од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Програма за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2020 година
 
Со оваа програма ќе се реализираат активности за поддршка на плански региони со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Средствата за реализација на оваа програма се утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19), раздел 14001 - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 - Земјоделство и рурален развој, потпрограма 30 Земјоделство, ставка 489 - Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 10.000.000,00 денари.

Наведените средства ќе се користат за реализација на активности за поддршка на плански региони со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Корисници на средствата на оваа програма се центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

 


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје