РЕШЕНИЈА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО ОБЈАВЕНИ ВО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 26 ОД 5 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 10 точка 4), а во врска со член 81 став (2) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, ги донесе следните решенија:

- Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Словачка

- Решение за изменување на Решението за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Северна Македонија по потекло од Република Унгарија

- Решение за престанок на важење на Решението за забрана на увоз и транзит на живина и диви птици, како и производи и нуспроизводи од живина и диви птици заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенца во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 183/14, 200/14, 17/15, 35/15, 123/15, 126/15, 132/15, 224/15 и 49/16).


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје