Тренинг обука 19.06.2019 РАЗВИВАЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ЗНАЕЊА ПОТРЕБНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА СИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА

Стопанска комора на Македонија, сала 3, 3-ти кат


   


  Стопанската комора на Македонија, на 25-26 јуни 2019 година (вторник-среда), организира дводневна специјалистичка обука на тема: РАЗВИВАЊЕ КОМПЕТЕНЦИИ И ЗНАЕЊА ПОТРЕБНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА СИТЕ ПРОЦЕСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR).


Цел на обуката: 
• Разбирање на барањата GDPR и основните принципи на приватност;
• Разбирање на улогите, обврските и одговорностите DPO – data protection officer;
• Разбирање на концептот, пристапот, методите и техниките неопходни за  имплементација на законската рамка за заштита на податоци.
За кого е наменет семинарот?
За сите работни организации, без разлика на нивната дејност и големина, за сите вработени  кои обработуваат и чуваат лични податоци, како и сите останати кои се вклучени во процесите на заштита на лични податоци и информатичка безбедност, како и поединци кои сакаат да се стекнат со вештини и знаења во принципите на приватност и да изградат кариера во областа на заштита на лични податоци.

ПРОГРАМА

o Секција 01: General Data Protection Regulation (GDPR);
o Секција 02: Core consideration for the GDPR (Основи на GDPR);
o Секција 03: Roles, obligations, and processing activities (Улоги, одговорности и овластувања);
o Секција 04: Data protection policy (Политика за заштита на податоци);
o Секција 05: Risk assessment and Privacy Impact Assessment /PIA (Процена на ризикот и процена на приватноста на податоците)
o Секција 06: Documentation management and communication plan (Управување со документацијата и план за комуникација):
o Секција 07: Data protection controls and technology (Технологија и контрола на заштита на лични податоци);
o Секција 08: Incident reporting and management (Управување со инциденти и извештаи);
o Секција 09: Consent and subject access requests and transfer of data (Барања за прифаќање, пристап и пренос на податоци);
o Секција 10: Monitoring, measurement, analysis, and evaluation (Мониторинг, мерење, анализа и евалуација од примената на GDPR);
o Секција 11: Corrective actions and continual improvement (Корективна акција и постојано подобрување);
o Секција 12: Competency, evaluation and closing the training (Компетенции, евалуација и затварање на обуката).

НАПОМЕНА!
По завршување на обуката добивате  сертификат за посетена обука и со можност за полагање на испитот “PECB Sertifed GDPR Foundation”. Сертификатот потврдува дека сте ги совладале основните методологии, барања, законски и работни рамки и менаџерски пристап на GDPR.
Учесниците кои сакаат да го полагаат испитот треба тоа да го нагласат во самата Пријава и истиот чини дополнителни 120 евра. Испитот се полага на англиски јазик. Доколку не се положи од прв пат имате право на повторно бесплатно полагање во рок од 12 месеци.
“PECB Sertifed GDPR Foundation” испитот во потполност ги исполнува барањата на PECB програмата за испит и сертификација на (ECP) и ги покрива следниве области и компетенции:
Област 1: Основни концепти и принципи на GDPR
Област 2: General Data Protection Regulation

Со положениот испит се стекнувате со право да поднесете барање за сертификатот “PECB Sertifed GDPR Foundation”. За повеќе информации за самиот процес може да ја посетите официјалната страна на PECB

Предавач: 

Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.

Работен јазик: српски.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 20.6.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 21.07.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА-
Online Бизнис средби, 27.07.2020
Покана за учество на „виртуелен“ настан и билатерални деловни средби на тема: CONNECTO 2020 - 28-30.07.2020 година, Интера-Технолошки парк, Мостар, БиХ
Семинар, 28.07.2020
ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ-ПРОДАЖБА, ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И ПРОДАЖБА
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“