ЛИДЕР ВО МАКЕДОНСКАТА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА
👁 Прочитано: 6843



ЛИДЕР ВО МАКЕДОНСКАТА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА

„Раде Кончар - ТЕП“ е водечка компанија во металопреработувачката и електроиндустријата како во Македонија така и во останатите балкански земји. Претставува дел од брендот „Раде Кончар" што егзистира 70 години.

Од своето основање во 2006 година, „Раде Кончар - ТЕП“ како дел од „Раде Кончар - Сервис“, континуирано се развива во насока на иновација на нови производи, во процесот на производство, во пристапот на работа и опслужување на пазарот со квалитетни производни решенија. Компанијата нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електрична енергија, како и специјализирани решенија за индивидуални барања на клиентите. Во производната програма има:

  • дистрибутивни маслени трансформатори до 1600kVA;
  • високонапонски постројки за напонско ниво до 110kV;
  • компактни бетонски трафостаници за напон 20-10/0,4kV за снага на трансформатор 1250kVA;
  • сите видови мерно разводни, приклучни, кабелски разводни ормари, нисконапонски разводни табли за дистрибутивните мрежи;
  • нисконапонски командни, разводни табли и ормари за потребите на индустријата;
  • управувачки пултови за процеси во индустријата;
  • ЛИДЕР ВО МАКЕДОНСКАТА МЕТАЛОПРЕРАБОТУВАЧКА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА изработка на комплетни проекти, монтажа, испитување и пуштање во работа на нисконапонски, среднонапонски и високонапонски комплексни објекти;
  • печки на пелети и др.

Во разговорот со Аце Антевски, еден од сопствениците, при посетата на компанијата бевме информирани дека производството на печки на пелети ќе го префрли во реновирани производни хали во кругот на фабриката како специјализиран оддел каде ќе се работи само овој вид на производ.

Перо Авакумовски

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија