Саем 21.10.2020 Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“

Онлајн, Словачка

Стопанската комора на Македонија во соработка со Словачката агенција за инвестиции и трговски развој - SARIO, Ве покануваат на Саемот за директни бизнис средби „Братислава 2020“, којшто ќе се одржи онлајн на 21 октомври 2020 година.

Саемот за директни бизнис средби во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка, веќе четиринаесет години по ред претставува мост за поврзување на словачки и странски компании. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да ги претстават своите најнови технолошки достигнувања и иновации, да разменат информации и да стапат во комуникација со нови потенцијални бизнис партнери од Словачка и од странство.

Саемот за директни бизнис средби е најголемиот деловен настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој на годишно ниво и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да влезат на глобалниот пазар.

Овој меѓународен настан е наменет за:

  • реализирање билатерални разговори;
  • презентации на потенцијални партнери и нивните производни капацитети;
  • создавање можности за заеднички вложувања со странски партнери;
  • следење на панел дискусии;
  • полесно пронаоѓање партнери за соработка во клучните полиња на автомобилската индустрија и е-мобилноста, инженерството, енергетиката, електрониката, информатичката и комуникациската технологија, управување со вода и отпад, логистиката, иновациите и технологиите поврзани со овие дејности.

Повеќе информации (агенда, услови за учество, регистрација) во врска овогодинешниот онлајн саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“ можете да најдете на https://5eb3dc3b65d37.site123.me/ . Сите заинтерсирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 4 октомври 2020 година (недела), директно на веб-страната на организаторот, на следниот линк: https://matchmakingfairbratislava2020.sario.sk/registration/1 .

Пријави се електронски

Контакт лица:

Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 070 390 009


Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 02.11.2020
„Textile Fashion Tech “ МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ЗА ТЕКСТИЛ
Online Бизнис средби, 03.11.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО РАМКИТЕ НА САМИТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ „SECURITY SUMMIT 2020“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
ВИРТУЕЛЕН НАСТАН ЗА ВМРЕЖУВАЊЕ „VIRTUAL MATCHMAKING EVENT“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЕНЕРГИЈА „EIF WORLD ENERGY CONGRESS AND EXPO“
Online Бизнис средби, 04.11.2020
„Онлајн“ саем и b2b деловни средби за метало преработувачки сектор на тема: Match & Innovate 2020
Семинар, 10.11.2020
ПРИМЕНА НА ОПШТАТА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЕУ(GDPR) И НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ПРАКСА
Семинар, 12.11.2020
ЧИТАЊЕ НА ПОДАТОЦИ И ПОСТAВУВАЊЕ ФИЛТРИ ПРЕКУ GOOGLE ANALYTICS
Семинар, 13.11.2020
Онлајн семинар: КОРИСНИ АЛАТКИ ОД EXCEL 2016 ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“
Семинар, 19.11.2020
МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ
Семинар, 25.11.2020
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ВРАБОТЕНИ, БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ, ДАНОК НА ДОХОД И МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ
Online Бизнис средби, 01.12.2020
ВИРТУЕЛНИ БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „GREEN DAYS“ ВО РАМКИТЕ НА САЕМОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЕНЕРГИЈА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА „POLLUTEC“
Online Бизнис средби, 02.12.2020
Виртуелен настан: „Match4Industry Business Matchmaking Event“