Колку владите на ЕУ одвојуваат за спорт и рекреација?
👁 Прочитано: 671



Колку владите на ЕУ одвојуваат за спорт и рекреација?

Во 2018 година, 27-те членки на Европската унија, според податоците од Еуростат, потрошиле 50,7 милијарди евра за рекреација и спорт. Во целост во ЕУ, главните трошоци на рекреација и спорт остануваат релативно стабилни како процент од вкупните трошоци од почетокот на 2001 година. Во последните години е забележан благ пораст на целосните трошоци.

Највисоки се трошоците на рекреација и спорт во Унгарија, а најмали во Бугарија, Ирска и Малта.

Во 2018 година, трошоците на владите за спорт и рекреација помеѓу членките на ЕУ варираа од 0,4% од вкупните трошоци во Бугарија, Ирска и Малта до 2,1% во Унгарија.

Луксембург троши најмногу по жител на рекреација и спорт, додека Бугарија, Романија и Словачка трошат најмалку. Вкупните трошоци направени од владите на ЕУ може да бидат ставени во перспектива со големината на населението во секоја земја-членка. Трошоците за рекреација и спорт по жител беа под 200 евра во шест членки на ЕУ во 2018 година: Луксембург (500 евра по жител); Шведска (254 евра по жител), Франција (204 евра по жител), во Холандија (202 евра по жител) и Данска (201 евро).

За споредба, најмали трошоци за спорт и рекреација по жител беа забележани во Бугарија (11 евра), Романија (30 евра) и Словачка (31 евро), потоа следеа Литванија со (35 евра) и Хрватска со (39 евра).

Служба за информирање при Комората