Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ОД КОМПАНИИТЕ
17.10.2019 👁 Прочитано: 688

Компаниите ќе можат да ги осигураат побарувањата и да го намалат ризикот од ненавремено плаќање


Компаниите отсега ќе може да ги осигуруваат побарувањата со што ќе заштитат од ризикот на ненавремено плаќање. Новиот продукт што ќе почнат да го нудат осигурителните компании е особено исплатлив за малите компании.

Од „Сава осигурување“ кои од ноември почнуваат со оваа нова понуда велат дека има голем интерес кај компаниите и оти ваквиот тип на осигурување ќе претставува додадена вредност за компаниите.

– Самите побарувања кои претходно не биле осигурени, доведувале до несакани ефекти кај нашите клиенти. Кај нас нема тренд да се осигуруваат самите побарувања, туку се осигуруваат само средства, автомобили, згради и залихи. Со ова, за првпат кешот што треба да се очекува од идните приливи ќе биде осигуран. Во нашата држава имаме традиција на задоцнето плаќање кое е намерно или ненамерно и во овој случај целта ни е да се намали тој момент. Едноставно ризикот околу самата наплата на побарувањата да го преземе ние, а со самото тоа компаниите да бидат поинтересни за банкит, односно компаниите кои имаат ваков продукт, би добиле подобри кредитни услови од самите банки, вели генералниот директор на „Сава Осигурување“, Сашо Дракуловски.

Осигурувањето на побарувањата се однесува за побарувањата меѓу фирмите и важи и за домашниот и за странскиот пазар. Препорачлив е за компаниите кои на своите купувачи им нудат подолги рокови на плаќање или одложено плаќање, за оние кои имаат ограничени интерни можности за наплата, како и за оние на кои работењето им е поврзано со само неколку поголеми купувачи.

Во Словенија, околу 30 проценти од правните субјекти веќе користат ваков тип на осигурување.

– Во сегментот на правни субјекти, проценуваме дека околу 30 проценти од фирмите имаат ваков тип на осигурување, вели Сергеј Симонити, претседател на управата на „Кофас ПКЗ“, која е единственото осигурување во Словенија кое е специјализирано за осигурување на побарувањата.

Ваквиот тип на осигурувањето компаниите може да го направат пред да склучат договори со купувачите.

 Компаниите ќе можат да ги осигураат побарувањата и да го намалат ризикот од ненавремено плаќање