„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.06.2026 - 09.07.2026 , Обука
сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија
Вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе станува составен дел од работните процеси и револуционерно го менува работното опкружување. Таа овозможува автоматизација на задачи, анализа на големи количини податоци, подобрување на продуктивноста и поддршка при донесување одлуки. Голем дел од компаниите веќе имаат вклучени ВИ модели во работењето. Сепак, и покрај нејзините бројни предности, вештачката интелигенција не може целосно да ги замени човечките способности поврзани со разбирањето на емоциите, градењето доверба и развивањето меѓучовечки односи – кои се клуч во процесите на промена, транформација и развој.
Овој семинар е наменет за сопственици, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.
Ова не е семинар за детално истражување на моделите на ВИ – туку на основите кои во една организација треба да се обезбедат од аспект на лидерство, за да може вработените да го користат максимумот од новите технологии и да напредуваат како тимови кои растат.
· Предизвици на современото работно место.
· Влијание на дигиталната трансформација врз организациите.
· Зошто компаниите имаат потреба од комбинација на технолошки и човечки компетенции.
· Практична активност
· „Моето работно место во 2030 година“ – кратка дискусија во парови.
· Психолошка реакција кон новите технологии.
· Дискусија - „Што најмногу нè загрижува кога слушаме за вештачка интелигенција?“
· Влијание на ВИ врз когнитивните процеси
· Емоционални реакции при користење ВИ
· Практичен примери / ситуации кога луѓето повеќе веруваат на алгоритам отколку на сопствена проценка и интуицијата
· ВИ и мотивацијата на вработените
· Етички и психолошки дилеми
· Практична вежба -„Мојот однос со вештачката интелигенција“
· Невронауката на емоциите
· Што е ЕИ и како е релевантна за секоја промена и развој
· Емоциите на лидерот – Вежба
· Компетенции на ЕИ според Генос моделот
· Комбинирање на ВИ и ЕИ за подобри деловни резултати
- Разбирање на синергијата помеѓу технологијата и човечките способности.
- Акциски план за примена на новите знаења во секојдневната работа – индивидуална работа
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- сертификат за учество на семинарот
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 08.07.2026 година.