„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
21.07.2026 - 25.08.2026 , Обука
online
Компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, согласно член 21 од Законот за управување со отпад, се должни да назначат најмалку едно стручно оспособено лице-управител со отпад.
Управителот со отпад е лице кое поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, а за стекнување на Уверение, лицето потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад.
За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија организира обука за „Лице одговорно за управување и/или постапување со отпад“, согласно Програма акредитирана од Министерството за животна средина и просторно планирање, која е задолжителна за сите лица кои планираат да полагаат стручен испит за управител со отпад.
Обуката опфаќа 50 училишни часови, распоредени во 8 предавања кои ќе се реализираат во периодот август-септември 2026 година, за сите заинтересирани за полагање на испитот кој престои во перидот октомври 2026 година, согласно Оглас кој ќе биде распишан од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Потребни услови кои треба да ги исполнува кандидатот за полагање на стручен испит за Управител со отпад:
Управителот со отпад е одговорен да:
ПРОГРАМА НА АКРЕДИТИРАНАТА ОБУКА:
I. Прописи за управување со отпад
- Закон за управување со отпадот
- Општи правила за постапување со отпад
- Базелска конвенција
- Видови отпад
- Евиденција на отпад
- Интегрирана мрежа за отстранување на отпад
- Дозволи за управување со отпад
- Претоварни станици
- Постапување со посебни видови на отпад
- Складирање на отпад
- Депонии
- Планирање при управување со отпадот
- Управување со пакување и отпад од пакување
- Батерии и акумулатори
- Управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема
- Дополнителни текови на отпад
- Проширена одговорност на производителот
II. Прописи за животна средина
- Закон за животната средина
- Подзаконски акти
Целосната програма можете да ја видите на следниот линк: ispiti-file-ejdM.pdf
Предавачи на Програмата се овластени лица со положен стручен испит за управител на отпад, кои имаат експертиза во областа на животната средина со посебност кон одржливо управување со отпад, истите се претставници од реалниот сектор кои имаат повеќе од 10 годишно работно искуство во дадената област.
- Проф. Д-р Филип Ивановски, извршен Директор на Пакомак Доо, првиот колективен постапувач за отпад во земјава, основан 2010 година од 11 реномирани компании од прехрамбемната индустрија. Ивановски има над 25 години работно искуство, како инженер во Пивара Скопје АД, Словин Југококкта АД и Извршен Директор на Горска. На позицијата Извршен Директор на Пакомак е од самото основање и е меѓу првите кои положиле за Управители за отпад во 2011 година. Ивановски е вонреден професор на УАЦС по предметите Основи на управуваwе со операции и Продажен Менаџмент. Вклучен е во проекти за Циркуларна Економија и зголемување на капацитетите за собирање и рециклирање во земјава. Од основањето во 2017 до крајот на 2023 година е Претседател на Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската Комора на Македонија.
- д-р Александар Матески, директор на сектор за правни и корпоративни работи во Прилепска пиварница АД Прилеп. Матески извршува работни задачи и од областа на управување со отпад и поседува Уверение за положен испит за вршење работи за управување и постапување со отпад. Коавтор е на „Водич за практична примена на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад“ и „Прирачник за општинската надлежност во областа на управување со отпад од пакување“.
- М-р Ана Мазневска Каранфилова, раководител на Секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање каде работи на подготовката на регулатиивите за управувањето со отпад на национално ниво. М-р Каранфилова Мазневска работи и на подготовка на планови за управување со отпад, мониторинг и собирање податоци, како и на изработка и координација на технички и економски студии за управување со специјални текови на отпад. Таа води тим на неколку проекти финансирани од ЕУ поврзани со управувањето со отпад.
- Два пати неделно, од 10:00-14:00 часот, online на платформата Webex Cisco
- Предавањата започнуваат од 26 август (среда)
Сите заинтересирани за учество можат да се пријават најдоцна до 21.8.2026 година.