„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – КОМБИНАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ – 10.07.2026 година

22.06.2026 - 09.07.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

Вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе станува составен дел од работните процеси и револуционерно го менува работното опкружување. Таа овозможува автоматизација на задачи, анализа на големи количини податоци, подобрување на продуктивноста и поддршка при донесување одлуки. Голем дел од компаниите веќе имаат вклучени ВИ модели во работењето. Сепак, и покрај нејзините бројни предности, вештачката интелигенција не може целосно да ги замени човечките способности поврзани со разбирањето на емоциите, градењето доверба и развивањето меѓучовечки односи – кои се клуч во процесите на промена, транформација и развој.

Токму затоа емоционалната интелигенција (ЕИ) претставува клучен фактор за успех.Таа подразбира способност за препознавање, разбирање и управување со сопствените емоции, како и разбирање на емоциите на другите луѓе. Вработените и лидерите со високо ниво на емоционална интелигенција полесно комуницираат, подобро решаваат конфликти, создаваат позитивна работна атмосфера и поттикнуваат тимска соработка. Едноставно – ИНСПИРИРААТ повисок учинок, вклученост и лојалност.
Со цел да ги унапредиме овие вештини и да овозможиме подобра организација, поголема продуктивност и појасна комуникација, Стопанската комора на Северна Македонија на 10 јули 2026 година организира семинар на тема: ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – КОМБИНАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ наменета за развој на вештини кои придонесуваат за поефикасно управување со задачите и подобрување на индивидуалните и тимските резултати. Најуспешните компании не ја гледаат вештачката интелигенција како замена за луѓето, туку како алатка која ги надополнува нивните уникатни способности.
За кого е наменет семинарот:

Овој семинар е наменет за сопственици, претставници на бизнис заедницата од врвен и среден менаџмент, менаџери на човечки ресурси и други професионалци во оваа област.

Придобивки од семинарот:
  • Проширено разбирање за можностите и предизвиците на вештачката интелигенција (ВИ) – од аспект на лидер/менаџер/вработен, (не од позиција на технички експерт)
  • Унапредени компетенции за разбирање на емоционална интелигенција преку Genos моделот - www.genosinternational.com
  • Поставени основи за комбинација на двата аспекти – ВИ и ЕИ од аспект на својата позиција во компанијата, а со цел подобри деловни резултати, лидерство и организациски развој.

Ова не е семинар за детално истражување на моделите на ВИ – туку на основите кои во една организација треба да се обезбедат од аспект на лидерство, за да може вработените да го користат максимумот од новите технологии и да напредуваат како тимови кои растат.

ПРОГРАМА:

Сесија 1

·        Предизвици на современото работно место.

·        Влијание на дигиталната трансформација врз организациите.

·        Зошто компаниите имаат потреба од комбинација на технолошки и човечки компетенции.

·        Практична активност

·        „Моето работно место во 2030 година“ – кратка дискусија во парови.

Сесија 2

·        Психолошка реакција кон новите технологии.

·        Дискусија - „Што најмногу нè загрижува кога слушаме за вештачка интелигенција?“

·        Влијание на ВИ врз когнитивните процеси

·        Емоционални реакции при користење ВИ

·        Практичен примери / ситуации кога луѓето повеќе веруваат на алгоритам отколку на сопствена проценка и интуицијата

·        ВИ и мотивацијата на вработените

·        Етички и психолошки дилеми

·        Практична вежба -„Мојот однос со вештачката интелигенција“

Сесија 3

·        Невронауката на емоциите

·        Што е ЕИ и како е релевантна за секоја промена и развој

·        Емоциите на лидерот – Вежба

·        Компетенции на ЕИ според Генос моделот

·        Комбинирање на ВИ и ЕИ за подобри деловни резултати

 -   Разбирање на синергијата помеѓу технологијата и човечките способности.

 - Акциски план за примена на новите знаења во секојдневната работа – индивидуална работа

 
Предавач:
- Наташа Ивановска е консултант за организациски развој, сертифициран бизнис коуч на Ерискон Коучинг колеџот од Канада и Нобл Менхетен колеџот од Англија, како и сертифициран Консултант за управување со учинокот (KPI Professional) на KPI Institute од Австралија. Од 2021 е сертифициран Мастер тренер за емоционална интелигенција според Genos International. Како дипломиран инженер-технолог завршила постипломски студии на Шефилд универзитетот – Сити Колеџ во Грција. Има над дваесет и пет годишно искуство во развој на бизнис низ управувањето со човечки ресурси. Од 2011 година е основач на Инсајт Груп, компанија за консалтинг за човечки ресурси, обуки и коучинг. Низ работата со компании во земјата и регионот, успева да придонесе во областа на планирање, развој и задржување на вработените, како клучен движечки ресурс на секоја компанија.     
 

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:          

-      материјали за реализација на вежбите
-      работни материјали во електронска верзија

-      сертификат за учество на семинарот        


Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 08.07.2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

 

м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057