„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен семинар на тема: ТЕХНИКИ ЗА НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА

30.10.2025 - 27.11.2025 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија сала 3, 3-ти кат

 Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, на 27 ноември 2025 годинаќе се организира еднодневен семинар на тема: ТЕХНИКИ ЗА НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА - Правни, комуникациски и организациски пристапи. 

Целта на семинарот:

Семинарот има за цел да им овозможи на учесниците да стекнат применливи знаења и практични вештини за ефикасно управување со спорни побарувања, преку:

  • идентификација на побарувањата;
  • соодветна правна анализа согласно релевантната законска рамка во РСМ;
  • примена на ефективн преговарачки техники;
  • запознавање со расположливи судски и вонсудски механизми за наплата 

За кого  е наменет семинарот?

  • Финансиски директори и сметководствени менаџери;
  • Правници, адвокати, корпоративни правни советници;
  • Претставници на служби за наплата, кредит контрола и управување со ризик;
  • Комерцијални директори и продажни менаџери;
  • Сопственици и менаџери на мали и средни претпријатија. 

Времетраење семинарот:

1 работен ден | 09:30 – 15:30 часот
(со вклучени паузи за кафе и закуска, како и интерактивна дискусија)


Агенда на семинарот
🕘 09:30 – 10:15

1. Вовед во спорните побарувања

  • Дефиниција и правна природа на спорните побарувања;
  • Законска основа:

-        Законот за облигациони односи

-        Закон за нотаријат;

-        Законот за парнична постапка;

-        Законот за извршување.

  • Застареност - рокови и дејствија;
  • Чести причини за настанување на спорови.
🕙 10:15 – 11:15

2. Правна и финансиска анализа пред постапка

  • Документација и докажување: договори, фактури, приемници, веродостојни исправи, вешт наод и мислење;
  • Проценка на наплатливост на побарување;
  • Видови должници и категоризација;
  • Подготвителни активности.
 🥪 Пауза за ручек и освежување (11:15 – 11:45)
 

🕦 11:45 – 12:45

3. Неформални дејствија пред поведување постапка и алтернативни начини за решавање спорови: медијација и трговска арбитража

  • Преговарање за делумна исплата, репрограмирање, отпис;
  • Опомена пред тужба: форма и правен ефект;
  • Медијација;
  • Арбитража.

🕛 12:45 – 13:45

4. Формални и правни постапки за наплата

  • Предлог за издавање на нотарски платен налог;
  • Тужба по основ на долг;
  • Извршна постапка: поднесување предлог за извршување;
  • Судска пракса.

Пауза за кафе (13:45 – 14:00)

 
🕓 14:00 – 15:00

5. Превенција и управување со ризик од ненаплатени побарувања

  • Клучни елементи на добро структуриран договор;
  • Вклучување на заштитни механизи;
  • KYC процедури;
  • Внатрешни контролни механизми и систем за следење на наплата.
🕔 15:00 – 15:30

6. Практична симулација и заклучоци

  • Работа на симулиран случај на спорно побарување;
  • Прашања и одговори, дискусија;
  • Завршни напомени и препораки.

Очекувани резултати од семинарот

По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат способни да:
✔️ Препознаат и анализираат спорни побарувања согласно со законската рамка
✔️ Користат комуникациски и правни стратегии за наплата
✔️ Применат судски и вонсудски механизми за решавање на спорови
✔️ Воспостават интерни механизми за превенција на финансиски ризици

Предавач: м-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

·        работен материјал доставен електронски;

·        ручeк и освежување;

·        сертификат за присуство на семинарот.   

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24.11.2025 година.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074         

beti@mchamber.mk